Одржување и сервис – Инструкция по эксплуатации Bosch PKS 40

Страница 78

Advertising
background image

78 | Македонски

1 609 92A 06F | (11.4.13)

Bosch Power Tools

Шината водилка 28 не смее да биде издадена на
страната на делот што треба да се сече.
За работа со шината водилка 28 потребен е адаптер за
шините водилки 27. Адаптерот за шините водилки 27 се
монтира како паралелниот граничник 10.
За прецизни резови со шината водилка 28 потребна е
следнава работна постапка:
– Поставете ја шината водилка 28 со странична

издаденост на делот што се обработува. Внимавајте на
тоа, страната со гумен раб да е насочена кон делот што
се обработува.

– Поставете ја кружната пила со претходно монтиран

адаптер за шините водилки 27 на шината водилка 28.

– Поставете ја саканата длабочина на резот и аголот на

закосување. Внимавајте на ознаките на адаптерот на
шините водилки 27 за претходно подесување на аглите
на закосување, види слика F.

– Подесете ја кружната пила со помош на адаптерот за

шините водилки, така што листот за пилата 21 ќе лежи
со запците на гумениот раб. Позицијата на листот за
пилата 21 зависи од избраниот агол на сечење. Не
сечете во шината водилка.

– Зацврстете ја пеперутка-завртката 7 за да ја фиксирате

позицијата на адаптерот на шините водилки.

– Извадете ја кружната пила со претходно монтираниот

адаптер за шините водилки 27 од шината водилка 28.

– Наместете ја шината водилка 28 на делот што се

обработува, така што гумениот раб ќе лежи точно на
саканиот раб на сечење.

– Зацврстете ја шината водилка 28 со соодветни уреди за

затегање, на пр. менгеме, на делот што се обработува.
Електричниот апарат со монтираниот адаптер за шини
водилки 27 поставете го на шината водилка.

– Вклучете го електричниот апарати водете го

рамномерно со лесен притисок во правецот на сечење.

Со делот за сврзување 29 може да се спојат две шини
водилки. Затегнувањето се врши со помош на четирите
шрафа што се наоѓаат на делот за сврзување.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Пред било каква интервенција на електричниот

апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.

Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и

отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.

Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и да се затвора. Пределот околу
заштитната хауба со повратен механизам секогаш треба
да биде чист. Отстранете ја правта и струготините со
издувување со компресиран воздух или со четка.

Необложените листови за пила може да се заштитат од
корозија со тенок слој на безкиселинско масло. Пред
сечењето, отстранете го маслото, за да не остави дамки на
дрвото.

Остатоците од смола и лепак на листот за пилата го
нарушуваат квалитетот на сечењето. Затоа, чистете ги
листовите на пилата веднаш по употребата.

Доколку електричниот апарат се расипе и покрај
грижливото одржување во согласност со напомените на
производителот, поправката треба да се изврши само од
страна на овластената сервисна служба за Bosch-
електрични алати.

Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.

Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: [email protected]
Интернет: www.servis-bosch.mk
Тел./факс: 02/ 246 76 10
Моб.: 070 595 888

Отстранување

Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се
отстранат на еколошки прифатлив начин.

0

°

1-45

°

OBJ_BUCH-192-004.book Page 78 Thursday, April 11, 2013 11:18 AM

Advertising