Инструкция по эксплуатации Bosch PKS 40

Страница 76

Advertising
background image

76 | Македонски

1 609 92A 06F | (11.4.13)

Bosch Power Tools

Користете само листови за пила, кои одговараат на

карактеристичните податоци дадени во ова
упатство за употреба.

Во никој случај не користете дискови за брусење

како алат за вметнување.

Избор на лист за пилата
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
крајот од ова упатство.

Демонтажа на листот на пилата (види слика A)
– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен

механизам 11 и држете ја цврсто.

– Држете ја цврсто стезната прирабница 20 со вилушкаст

клуч 24 (ширина 22 мм) или поставете го листот за
пилата 21 на едно парче дрво.

– Одвртете го 3 затезниот шраф 23 со инбус клуч во

правец на вртење

 .

– Извадете ја стезната прирабница 20 и листот за пилата

21 од вретеното на пилата 19.

Монтирање на листот за пилата (види слика A)
– Исчистете го листот за пилата 21 и сите стезни делови

што се монтираат.

– Навалете ја наназад заштитната хауба со повратен

механизан 11 и држете ја цврсто.

– Поставете го листот на пилата 21 на приклучната

прирабница 22. Правецот на сечење на запците
(правецот на стрелката на листот за пилата) мора да
одговара на стрелката за правец на вртење на
заштитната хауба 16.

– Поставете ја стезната прирабница 20 и зашрафете го

затезниот шраф 23 во правец на вртење

. Внимавајте

на правилна положба на монтирање на приклучната
прирабница 22 и стезната прирабница 20.

– Држете ја цврсто стезната прирабница 20 со вилушкаст

клуч 24 (ширина 22 мм) или поставете го листот за
пилата 21 на едно парче дрво.

– Зацврстете го 3 затезниот шраф 23 со инбус клуч во

правец на вртење

. Моментот на затегање треба да

изнесува 6–9 Nm, што одговара на рачно затегање
плус ¼ вртење.

Подесување на клинот за расцепување
(види слика B)

Пред било каква интервенција на електричниот

апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.

Секогаш користете клин за расцепување, освен при

резови со вдлабнување. Клинот за расцепување го
спречува заглавувањето на листот за пилата при
сечење.

Подесувањето се врши на максимална длабочина на
резот, види дел „Подесување на длабочината на сечење“.

Олабавете го шрафот 25, поставете го клинот за
расцепување 12 на димензиите наведени на сликата и
зацврстете го шрафот 25 со момент на стегање од
3,5–5 Nm.

Вшмукување на прав/струготини

Пред било каква интервенција на електричниот

апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.

 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои

видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен

вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.

– Погрижете се за добра проветреност на работното

место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при

вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.

Надворешно вшмукување
Поставете црево за вшмукување 30 (опрема) на
исфрлувачот за струготини 17. Цревото за вшмукување
30 поврзете го со вшмукувач за прав (опрема). Прегледот
за приклучување на различните видови на вшмукувачи за
прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.

Електричниот апарат може да се приклучи директно на
конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за
далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот апарат.

Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.

При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.

Врз основа на TRGS 553 во Германија неопходно е да се
користат одобрени уреди за вшмукување на прав
настаната при обработка на дрво, вообичаените
вшмукувачи не смеат да се користат во комерцијални
сфери. Трговците мора да ги разрешат специјалните
барања за други материјали со надлежното здружение на
професионалци.

Вообичаено вшмукување со вреќичка за прав
Кај поситните работи може да приклучите вреќичка за
прав (опрема). Млазниците за вшмукување зацврстете ги
на исфрлувачот на струготини 17. Празнете ја вреќичката
за прав редовно, за да остане оптимално собирањето на
прав.

OBJ_BUCH-192-004.book Page 76 Thursday, April 11, 2013 11:18 AM

Advertising