Монтажа – Инструкция по эксплуатации Bosch PHO 20-82

Страница 56

Advertising
background image

56 | Македонски

1 609 92A 06X | (17.4.13)

Bosch Power Tools

Техничка документација (2006/42/EC) при:
Robert Bosch GmbH, Postfach 10 01 56,
D-70745 Leinfelden-Echterdingen

Robert Bosch GmbH, Power Tools Division
D-70745 Leinfelden-Echterdingen
16.08.2012

Монтажа

Пред било каква интервенција на електричниот

апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.

Замена на алатот

Внимавајте при замената на секачот на рендето. Не

го фаќајте секачот на рендето на рабовите за
сечење.
Може да се повредите од острите рабови за
сечење.

Користете само оригинални Bosch HM/TC-секачи за
ренде.

Секачот за ренде од цврст материјал (HM/TC) има 2 секачи
и може да се врти. Доколку двата раба на секачот се тапи,
секачот на рендето 13 мора да се замени. HM/TC-секачот
на рендето не смее дополнително да се остри.

Вадење на секачот на рендето (види слика A)
За вртење или менување на ножот на рендето 13 свртете
ја главата на ножот 10, додека не дојде паралелно со
подлогата на рендето 8.
 Олабавете ги двата шрафа за прицврстување 12 со

инбус клуч 14 со 1 – 2 вртења.

 Доколку е потребно, олабавете го затезниот елемент

11 со лесно удирање со соодветен алат, напр. дрвен
клин.

 До едно дрвено парче турнете го странично секачот

на рендето 13 од главата на секачот 10.

Ставање на секачот на рендето (види слика B)
Со водечкиот жлеб од секачот на рендето постојано се
обезбедува еднакво подесување на висината при
менувањето одн.вртењето.

Доколку е потребно, исчистете го лежиштето на секачот во
затезниот елемент 11 и секачот на рендето 13.
Внимавајте при монтажата на секачот на рендето, дека тој
беспрекорно лежи во водилката на прифатот на затезниот
елемент 11 и да се центрира рамно на страничниот раб од
задната подлога на рендето 8. На крај цврсто зашрафете
ги 2 шрафови за прицврстување 12 со инбус клуч 14.
Напомена: Пред да почнете со работа, проверете дали
шрафовите за прицврстување 12 добро се налегнати.
Свртете ја главата на секачот 10 со рака и проверете дали
секачот на рендето струже на некое место.

Вшмукување на прав/струготини

 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои

видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен

вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.

– Погрижете се за добра проветреност на работното

место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при

вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.

Редовно чистете го исфрлувачот на струготини 1. За
чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете
соодветен алат напр. дрвено парче, компресиран воздух
итн.
Не ја фаќајте исфрлената струготина со раце. Може

да се повредите од ротирачките делови.

Заради обезбедување на оптимално вшмукување
постојано користете надворешен уред за вшмукување или
вреќичка за прав/струготини.

Надворешно вшмукување (види слика C)
На исфрлувачот за струготини од двете страни може да се
приклучи црево за вшмукување (Ø 35 мм) 15 (опрема).
Цревото за вшмукување 15 поврзете го со вшмукувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на различните
видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на крајот од
ова упатство.

Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.

При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.

Сопствено вшмукување (види слика C)
Кај поситните работи може да приклучите вреќичка за
прав/струготини (опрема) 16. Цврсто вметнете ги
држачите на вреќичката за прав во исфрлувачот на
струготини 1. Испразнете ја вреќичката за
прав/струготини 16 навреме, за собирањето на прав да
биде оптимално.

Избор на правецот на исфрлање на струготините
Со лостот за селекција 4 исфрлувачот на струготини 1
може да се подеси на десно или лево. Притиснете го
лостот за селекција 4 додека не се вклопи во крајна
позиција. Избраниот правец ќе се прикаже со ознака со
стрелка на лостот за селекција 4.

Dr. Egbert Schneider
Senior Vice President
Engineering

Helmut Heinzelmann
Head of Product Certification
PT/ETM9

OBJ_BUCH-637-004.book Page 56 Wednesday, April 17, 2013 12:20 PM

Advertising