Безбедносни информации, Безбедност на децата и помалку вештите лица, Монтажа – Инструкция по эксплуатации AEG F65401IM0P

Страница 4: Поврзување на водата, Поврзување на струја

Advertising
background image

БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Пред монтажата и употребата на овој апарат,

внимателно прочитајте ги доставените

упатства. Производителот не е одговорен ако

неправилната монтажа и употреба

предизвикаат повреди и оштетувања.

Секогаш чувајте го упатството со апаратот за

идна употреба.

БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦАТА И

ПОМАЛКУ ВЕШТИТЕ ЛИЦА

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од задушување, повреда

или траен инвалидитет.

• Не дозволувајте им на лица, вклучително и

деца, со намалено физичко чувство,

намалени ментални функции или

недостаток на искуство и знаење, да го

користат апаратот. Нивното ракување со

апаратот мора да го надгледува или

насочува лице одговорно за нивната

безбедност. Деца не смеат да играат со

апаратот.

• Сите материјали за пакување чувајте ги

настрана од дофат на деца.

• Сите детергенти чувајте ги далеку од

дофат на деца.

• Држете ги децата и миленичињата

подалеку од апаратот кога вратата е

отворена.

МОНТАЖА

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Овој апарат мора да се монтира од

страна на квалификувано и стручно

лице.

• Извадете ја амбалажата.
• Никогаш не монтирајте или користете

оштетен апарат.

• Не го монтирајте и употребувајте апаратот

онаму каде што температурата е под 0 °C.

• Следете ги упатството за монтирање кое е

доставено со овој апарат.

• Проверете дали апаратот е монтиран под

или во близина на безбедна структура.

Поврзување на водата

• Пазете да не го оштетите цревото.

• Пред да го поврзите апаратот со новите

цевки или со цевки кои не се користени

подолг временски период, оставете ја

водата да истече се додека не стане чиста.

• Првиот пат кога го користите апаратот,

бидете сигурни дека нема истекување.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасен напон.

Доводното црево е со безбедносен вентил

и двојна обвивка со внатрешен кабел за

струја.

• Доколку доводното црево е оштетено,

веднаш извадете го приклучникот од

штекерот за струја. Јавете се во Центарот

за да го замените доводното црево.

Поврзување на струја

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од пожар и електричен

шок.

• Апаратот мора да биде заземјен.
• Проверете дали податоците за струјата од

плочката со спецификации одговараат на

напојувањето со електрична струја. Ако не,

контактирајте електричар.

• Секогаш користете правилно инсталирана

приклучница, обезбедена од струјни удари.

• Не употребувајте повеќекратни приклучоци

и продолжени кабли.

• Пазете да не ги оштетите приклучокот за

струја и кабелот. Контактирајте го

сервисниот центар или електричар за да го

смените оштетениот кабел.

• Поврзете го приклучокот за струја со

штекерот на крајот од монтажата.

Проверете дали има пристап до

приклучокот за струја по монтажата.

4

Advertising
Эта инструкция подходит к следующим моделям: