Услови од гаранцијата, Европска гаранција – Инструкция по эксплуатации Zanussi ZM21M4

Страница 84

Advertising
background image

ZM21M4

MK

84

УСЛОВИ ОД ГАРАНЦИЈАТА

Zanussi ја нуди следната гаранција на првиот купувач на овој апарат:
1. Гаранцијата важи 24 месеци од моментот на предавање на овој апарат на првиот купувач во

малопродажба, што мора да се докаже со фактура или друг сличен документ за купопродажба.

Гаранцијата не опфаќа употреба на апаратот за комерцијални цели.

2. Гаранцијата ги покрива сите делови и компоненти што не работат поради несоодветна изработка

или несоодетен материјал. Гаранцијата не опфаќа апарати кај кои дефектите или лошите

резултати се резултат на погрешна примена, случајна штета, запоставување, погрешна монтажа,

неовластено изменување или обид за поправање на апаратот, комерцијална примена или

непочитување на барањата и препораките содржани во упатството. Оаа гаранција не ги опфаќа

следните делови: сијалички, стаклени или пластични делови што се отстрануваат.

3. Ако се неопходни поправки во рамките на гаранцијата, купувачот мора да го информира

најблискиот сервис за потрошувачи (сервис на ZANUSSI или овластен застапник). ZANUSSI

го задржува правото да го предвиди местото на поправката (односно домот на купувачот,

местото на инсталација или сервис на ZANUSSI).

4. Гаранцијата или бесплатна замена опфаќа работна рака и материјали.

5. Поправките што се вршат за време на гаранцијата не го продолжуваат периодот на гаранција

за овој апарат. Деловите што се отстранети за време на поправка во периодот на гаранција

се сопственост на ZANUSSI.

6. Оваа гаранција не ги повредува законските права на купувачот.

Европска гаранција

Ако треба да се преселите во друга земја во Европа, тогаш вашата гаранција се сели со вас во вашиот

нов дом но зависи од следните услови:

гаранцијата започнува да тече од датумот на првата продажба на производот

гаранцијата важи за истиот период и истиот опфат на работна рака и делови што важат во новата

земја на примена за оваа трговска марка или асортиман на производи

гаранцијата важи за вас и не може да се пренесе на друго лице

вашиот нов дом е во Европската заедница (ЕЗ) или во европската зона на слободна трговија

производот е инсталиран и се користи во согласност со нашите упатства и се користи само

за домашна употреба, односно во нормален дом

производот е инсталиран во согласност со прописите во вашата нова држава

Пред да се преселите ве молиме да се обратите со Центарот за грижа за потрошувачите, и да им

дадете податоци за вашето ново живеалиште. Тие ќе се погрижат локалната организација да биде

информирана за вашето селење и да може да се грижи за вас и вашите апарати.

Франција

Сенлис

+33 (0) 3 44 62 20 13

Германија

Нимберг

+49 (0) 800 234 7378

Италија

Порденоне +39 (0) 800117511

Шведска

Стокхолм

+46 (0) 20 78 77 50

Велика Британија Слау

+44 (0) 1753 219898

Advertising