Животна средина, Спецификации, Монтажа – Инструкция по эксплуатации Dremel 8100

Страница 125: Отстранување на отпадот, Само за европските земји, Општи спецификации, Спецификации на полначот, Продолжени кабли, Важни напомени во врска со полнењето, Полнење на батеријата (moдел 808)

Advertising
background image

ЖИВОТНА СРЕДИНА

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ОТПАДОТ

Алатот, приборот и амбалажата треба да се сортираат заради

еколошки поволното рециклирање.

САМО ЗА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ

Електричниот алат не фрлајте го во отпадот за

домаќинствата!

Според Европската директива 2002/96/EC која се

однесува на електричен и електронски отпад и

нивната имплементација во склад со националното

законодавство, електричните алати на кои им поминал

векот на траење мора да се собираат одвоено и да се

отстрануваат на еколошки исправен начин.

СПЕЦИФИКАЦИИ

ОПШТИ СПЕЦИФИКАЦИИ

Номиналeн напон . . . . . . . . . . 7,2 V

Номинална струја . . . . . . . . . 1,3 – 1,5 Ah

Бр./врт. во празен ôд . . . . . . n

o

5000 – 30.000 min

–1

Капацитет на стезната чаура . 0,8 mm, 1,6 mm, 2,4 mm, 3,2 mm

СПЕЦИФИКАЦИИ НА ПОЛНАЧОТ

Влез. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 230 V, 50 – 60 Hz, 26 W

Излез . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . 3,6 V - 10,8 V , 1,5 A

ПРОДОЛЖЕНИ КАБЛИ

Користете потполно одмотани и сигурни продолжени кабли со

капацитет од 5 ампера.

МОНТАЖА

СЕКОГАШ ИСКЛУЧЕТЕ ГО АЛАТОТ ПРЕД ДА ГО МЕНУВАТЕ

ПРИБОРОТ, СТЕЗНАТА ЧАУРА ИЛИ СЕРВИСИРАЊЕ НА АЛАТОТ.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ ВО ВРСКА СО

ПОЛНЕЊЕТО

1. Полначот е дизајниран за брзо полнење на батеријата само

кога температурата е во распон меѓу 32°F (0°C) и 113°F

(45°C). Ако батеријата е премногу жешка или премногу

ладна, полначот нема брзо да ја наполни батеријата.

(Ова може да се случи ако батеријата е премногу жешка

поради долготрајното користење). Кога температурата на

батеријата ќе се врати вредност помеѓу 32°F (0°C) и 113°F

(45°C), полначот ќе почне автоматски со полнењето.

2. Значителното смалување на работното време по едно

полнење може да значи дека работниот век на батеријата е

при крај и дека батеријата треба да се замени.

3. Немојте да заборавите да го исклучите полначот додека е

складиран.

НАПОМЕНА: Со користењето на полначи или батерии кои

не ги испорачал Dremel, се поништува гаранцијата.

ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (MOДЕЛ 808)

Приклучете го кабелот на полначот во Вашиот нормален

штекер.

Без да ја ставате батеријата, ќе се запали („ОN“) зелената

светилка на полначот. Oва покажува дека полначот добива

струја и е подготвен за работа.

СЛИКА 2

A. Алат

B. Батерија

C. Поклопец за ослободување на батериите

За да го извадите патронот со батеријата од алатот, притиснете

ги јазичињата и извадете ја батеријата од алатот.

Кога ќе го вметнете патронот со батеријата во полначот,

зеленото светло на полначот ќе почне да „ТРЕПКА“. Ова

покажува дека батеријата добива брзо полнење.

СЛИКА 3

A. Батерија

B. Полнач

C. Зелено светло

Кога светлото на индикаторот ќе престане да „ТРЕПКА“ (и ќе

остане постојано зелено светло), брзото полнење е завршено.

Патронот со батеријата е целосно наполнет и може да се

извади од полначот.

Кога ќе почнете со полнењето на патронот со батеријата,

постојано зеленото светло може исто така да значи и дека

патронот со батеријата е премногу жежок или премногу ладен.

Брзо полнење е можно само ако температурниот опсег на

патронот со батеријата е помеѓу 0°C и 45°C.

Ако е потребно, внатрешниот вентилатор на полначот ќе се

влучи за да го потпомогне процесот на полнењето и брзината.

Штом патронот со батеријата ќе го достигне исправниот

температурен опсег, полначот на батеријата автоматски ќе се

префрли на брзо полнење.

Патронот со батеријата може да се користи иако светлото

можеби сè уште трепка. На светлото можеби ќе му треба

повеќе време да престане да трепка, зависно од температурата.

Целта на зеленото светло е да покаже дека патронот со

батеријата се полни брзо. Тоа не го покажува точниот износ на

полнењето. Светлото ќе престане да трепка за пократко време

доколку патронот со батеријата не бил сосема испразнет.

Ако зеленото светло е вклучено („ОN“), патронот сo батеријата

не може да прима полнење.

ОПШТО

Мултифункционалниот алат Dremel е алат со висок квалитет и

прецизност кој може да се користи за извршување на детални и

сложени работи. Големиот избор на Dremel прибор и додатоци

Ви овозможува да извршувате голем број на разни задачи.

Во нив спаѓаат задачи како што се шмирглање, резбарење,

гравирање и глодање, чистење и полирање.

125

Advertising