Безбедносни упатства за сите видови операции, Користење и одржување на алатот, Користење и одржување на алатот на батерии – Инструкция по эксплуатации Dremel 8100

Страница 122: Сервисирање

Advertising
background image

проверете дали се добро споени и дали правилно се

користат. Користењето на овие уреди може да ја намали

опасноста што е поврзана со прашината.

h. Електричниот алат допирајте го само на изолираните

делови кога извршувате работи при кои алатот за

сечење може да дојде во контакт со скриени електрични

водови или со сопствениот мрежен кабел. Опремата за

сечење која ќе дојде во допир со жица под напон, може да

предизвика изложените метални делови од електричниот

алат да дојдат под напон и да предизвика електричен

шок за операторот.

КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА АЛАТОТ

a. Немојте да го форсирате електричниот алат. Користете

соодветен електричен алат кој е потребен за Вашата

дадена ситуација. Со соодветниот електричен алат

подобро и побезбедно ќе ја завршите работата за која е

дизајниран.

b. Немојте да го користите електричниот алат доколку

не работи прекинувачот on/off. Секој електричен

алат којшто не може да се контролира со помош на

прекинувач, е опасен и мора да се поправи.

c. Исклучете ја приклучницата од штекерот и/или

батеријата од електричниот алат пред да правите било

какви подесувања, пред да го менувате приборот или

пред да го одложите алатот. Ваквите превентивни

мерки на безбедност го смалуваат ризикот од случајно

вклучување на електричниот алат.

d. Чувајте го алатот подалеку од дофатот на деца и

не дозволувајте им на лицата кои не се упатени во

алатот или во овие упатства да ракуваат со алатот.

Електричните алати можат да бидат опасни во рацете

на корисници кои не се обучени.

e. Одржувајте ги електричните алати. Проверете дали

спојните или подвижните делови се добро подесени,

дали деловите се во исправна состојба, и сите други

услови кои би можеле да влијаат врз работата со

електричниот алат. Ако алатот е оштетен, дајте го на

поправка пред повторната употреба. Многу несреќи биле

предизвикани од лошо одржуван електричен алат.

f. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Кога

правилно се одржува алатот за сечење со остри рабови

за сечење, помала е веројатноста тој да се заглави и

полесно се контролира.

g. Електричниот алат, приборот и бургиите користете

ги во склад со овие упатства, земајќи ги предвид

работните услови и работата што треба да се заврши.

Употребата на електричниот алат за работи коишто

тој не е предвиден, може да предизвика опасни ситуации.

КОРИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА АЛАТОТ НА

БАТЕРИИ

a. Полнете само со помош на полнач којшто го

препорачува производителот. Полначот кој одговара

за еден вид батерии може да предизвика пожар ако се

користи со друг вид батерии.

b. Користете го електричниот алат само со специфично

дизајнираните батерии. Употребата на било кој друг вид

батерии може да предизвика ризик од повреди и пожар.

c. Кога батериите не се користат, држете ги настрана од

други метални предмети како што се спојки, метални

пари, клучеви, шајки, шрафови или други ситни метални

предмети кои можат да предизвикаат спојување на

едниот приклучок на батеријата со другиот. Краткото

спојување на приклучоците на батериите може да

предизвика изгореници или пожар.

d. Во случај на ненаменска употреба, течноста може да

истече од батеријата; избегнувајте контакт. Ако дојде до

случаен контакт, измијте се со вода. Ако течноста дојде

во контакт со очите, побарајте медицинска помош.

Течноста која истекла од батериите може да предизвика

иритација или изгореници.

СЕРВИСИРАЊЕ

a. Вашиот електричен алат нека го сервисира

квалификуван сервисер со користење само на

идентични резервни делови. На овој начин ќе се

обезбеди одржување на сигурноста на електричниот

алат.

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА СИТЕ

ВИДОВИ ОПЕРАЦИИ

БЕЗБЕДНОСНИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА КОИ СЕ

ВООБИЧАЕНИ ЗА БРУСЕЊЕ, БРУСЕЊЕ СО

ШМИРГЛА, РАБОТИ СО ЖИЧЕНА ЧЕТКА,

ПОЛИРАЊЕ ИЛИ АБРАЗИВНО СЕЧЕЊЕ

a. Овој електричен алат е наменет за употреба при

брусење, брусење со шмиргла, работење со жичена

четка, полирање или сечење. Прочитајте ги сите

безбедносни предупредувања, упатства, илустрации и

спецификации кои се приложени со овој алат. Доколку

не се почитуваат сите долунаведени упатства, може да

дојде до електричен шок, пожар и/или сериозни повреди.

b. Не користете прибор кој не е специјално дизајниран и

препорачан од страна на производителот на алатот.

Самото тоа што на Вашиот алат може да се приклучи

прибор не значи дека е осигурено и безбедно работење.

c. Номиналната брзина на приборот мора да биде

поголема или еднаква на максималната брзина што

е означена на алатот. Приборот кој работи со брзина

поголема од неговата номинална брзина, може да се

скрши и да се разлета.

d. Надворешнот пречник и дебелината на Вашиот прибор

мора да бидат во рамките на капацитетот на Вашиот

електричен алат. Со несоодветно димензионираниот

прибор не може адекватно да се ракува и да се

контролира.

e. Големината на брусната плоча, прирабниците, брусните

подлоги и другиот прибор мора да одговараат на

брусното вретено на Вашиот електричен алат. Приборот

кој не одговара на брусното вретено на електричниот

алат ќе се врти ексцентрично, додатно ќе вибрира и

може да предизвика губење на контролата.

122

Advertising