Превод на оригиналните упатства употребени симболи, Предупредување, Безбедност на работниот простор – Инструкция по эксплуатации Dremel 8100

Страница 121: Електрична безбедност, Лична безбедност

Advertising
background image

ПРЕВОД НА ОРИГИНАЛНИТЕ

УПАТСТВА

УПОТРЕБЕНИ СИМБОЛИ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА

УПОТРЕБЕТЕ ЗАШТИТА ЗА УШИТЕ

УПОТРЕБЕТЕ ЗАШТИТА ЗА ОЧИТЕ

УПОТРЕБЕТЕ МАСКА ПРОТИВ ПРАШИНА

ОПШТИ БЕЗБЕДНОСНИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊА ВО ВРСКА СО

ЕЛЕКТРИЧНИОТ АЛАТ

!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СИТЕ

БЕЗБЕДНОСНИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊА И СИТЕ УПАТСТВА.

Ако не се следат предупредувањата и упатствата, може да

дојде до струен удар, пожар и/или сериозна повреда.

Чувајте ги сите предупредувања и упатства за идно

користење.

Изразот „електричен алат“ во предупредувањата се однесува

на електричниот алат кој се приклучува на електрична мрежа

(со кабел) или на електричен алат со батерија (без кабел).

БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНИОТ ПРОСТОР

a. Работниот простор одржувајте го чист и добро

осветлен. Неуредните и темни работни простори можат

да предизвикаат незгоди.

b. Не работете со електричниот алат во експлозивна

средина, како на пр. во близина на запалливи течности,

гасови или прашина. Електричните алати прават искри

кои можат да ја запалат прашината или пареата.

c. Додека работите со електричниот алат, оддалечете

ги децата и другите лица. Невниманието може да биде

причина за губење на контролата.

ЕЛЕКТРИЧНА БЕЗБЕДНОСТ

a. Приклучницата на алатот мора да одговара на

штекерот. Никогаш и на никаков начин немојте да ја

модифицирате приклучницата. Немојте да користите

адаптери на штекер со заземjени електрични алати.

Оригиналните приклучници и соодветните штекери го

намалуваат ризикот од електричен шок.

b. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини,

како што се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери.

Ризикот од електричен шок е зголемен ако Вашето тело

е заземјено.

c. Не изложувајте го алатот на дожд или влажни услови.

Водата што ќе продре во електричниот алат ќе го

зголеми ризикот од електричен шок.

d. Немојте да го злоупотребувате кабелот. Кабелот

никогаш не користете го за носење, влечење или

за исклучување на електричниот алат. Држете го

кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови и

подвижни делови. Оштетените или заплеткани кабли

го зголемуваат ризикот од електричен шок.

e. Кога работите со електричниот алат надвор, користете

продолжен кабел кој е погоден за надворешна употреба.

Користењето на кабел кој е погоден за надворешна

употреба го намалува ризикот од електричен шок.

f. Ако е неизбежно со електричниот алат да работите

во влажна околина, користете осигурувач со

диференцијална струјна заштита при дефект.

Користењето на осигурувач со диференцијална струјна

заштита при дефект го намалува ризикот од електричен

шок.

ЛИЧНА БЕЗБЕДНОСТ

a. Бидете внимателни, внимавајте што правите и

користете здрав разум додека ракувате со електрични

алат. Не користете електричен алат ако сте уморни

или под влијание на дрога, алкохол или лекарства.

Само еден момент на невнимание додека ракувате со

електричен алат може да доведе до сериозни телесни

повреди.

b. Користете опрема за лична заштита. Секогаш носете

заштита за очите. Заштитната опрема, како на пр.

маска против прашина, нелизгачки заштитни чевли,

заштитен шлем или заштита за ушите, која се користи

во соодветни услови, ќе ја намали можноста од повреди

на лицата.

c. Избегнувајте случајно вклучување. Уверете се дека

прекинувачот е во исклучена положба „off“ пред да

го приклучите на електрична мрежа и/или батерија.

Носењето на електричниот алат со прстот на

прекинувачот или приклучувањето на електричниот

алат додека прекинувачот е во положба „on“ може да

предизвика несреќа.

d. Отстранете ги сите средства за подесување и сите

клучеви пред да го вклучите електричниот алат. Ако

оставите клуч или средство за подесување прикачени на

некој ротационен дел од електричниот алат, тоа може

доведе до телесна повреда.

e. Не пресегнувајте се премногу. За сето време одржувајте

стабилна положба и рамнотежа. Тоа Ви овозможува

подобра контрола над електричниот алат во неочекувани

ситуации.

f. Носете прописна облека. Немојте да носите широка

облека или накит. Косата, облеката и нараквиците

држете ги понастрана од подвижните делови. Широката

облека, накитот или долгата коса можат да се

заплеткаат меѓу подвижните делови.

g. Ако на уредите е прикачен вшмукувач на прашина,

MK

121

Advertising