8 функција coolmatic, 9 функција frostmatic, 10 функција dynamicair – Инструкция по эксплуатации AEG S72300DSX1
Страница 50: 11 функција minuteminder
температура. Потоа повторно ја
прикажува поставената температура.
Показното светло за алармот
продолжува да трепка додека не се
вратат нормалните услови.
3.8 Функција COOLMATIC
Ако треба да ставите големо
количество храна, на пример откако
сте се вратиле од пазарење,
предлагаме да ја вклучите функцијата
COOLMATIC за да ги изладите
продуктите побрзо и да избегнете
загревање на другата храна што е
веќе во фрижидерот.
1. Притискајте го копчето Mode сè
додека не се појави соодветниот
симбол.
Показното светло COOLMATIC трепка.
2. Притиснете OK за да потврдите.
Се прикажува показното светло
COOLMATIC.
Функцијата COOLMATIC се
исклучува автоматски по
околу 52 часа.
За да ја исклучите
функцијата пред да
заврши автоматски,
повторувајте ги чекорите
додека не се исклучи
показното светло
COOLMATIC.
3.9 Функција FROSTMATIC
Функцијата FROSTMATIC го забрзува
замрзнувањето на свежа храна, а
истовремено ја штити веќе
замрзнатата храна од несакано
загревање.
1. Притискајте го копчето Mode сè
додека не се појави соодветниот
симбол.
Показното светло FROSTMATIC
трепка.
2. Притиснете го копчето OK за
потврда.
Се прикажува показното светло
FROSTMATIC.
Функцијата FROSTMATIC
се исклучува автоматски
по околу 52 часа.
За да ја исклучите
функцијата пред да
заврши автоматски,
повторувајте ги чекорите
додека не се исклучи
показното светло
FROSTMATIC.
3.10 Функција DYNAMICAIR
1. Притискајте го копчето Mode сè
додека не се појави соодветниот
симбол.
Показното светло DYNAMICAIR
трепка.
2. Притиснете OK за да потврдите.
Се прикажува показното светло
DYNAMICAIR.
Активирањето на
функцијата DYNAMICAIR ја
зголемува потрошувачката
на енергија.
Ако функцијата е
активирана автоматски,
показателот DYNAMICAIR
не се прикажува
(погледнете во
„Секојдневна употреба“).
За да ја исклучите функцијата,
повторете ја постапката додека не се
исклучи показното светло
DYNAMICAIR.
3.11 функција MinuteMinder
Функцијата MinuteMinder треба да се
користи за да поставување на
звучниот аларам на претходно
одредено време, корисно на пример
кога за одреден рецепт е потребно
ладење на прехрамбени производи
одреден временски период.
Исто така е корисно кога е потребен
потсетик за да не се заборават
шишињата поставени во замрзнувачот
за побрзо ладење.
1. Притискајте го копчето Mode сè
додека не се појави соодветниот
симбол.
Показното светло MinuteMinder трепка.
www.aeg.com
50