Помошни напомени и совети, 1 нормални работни звуци, 2 совети за штедење енергија – Инструкция по эксплуатации Electrolux EN2900AOW

Страница 35: 3 совети за ладење свежа храна, 4 совети за ладење

Advertising
background image

вадење или испаѓање. Кога сакате да ги

извадите од замрзнувачот, повлечете ја

корпата кон себе и, кога ќе дојде до

граничникот, извадете ја корпата кревајќи го

предниот дел нагоре.

2

1

Кога ги враќате, кренете го малку предниот

дел на корпата за да ја вметнете во

замрзнувачот. Кога ќе ги поминете

граничниците, турнете ја корпата назад во

положбата.

5. ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ

5.1 Нормални работни звуци

• Кога разладното средство се пумпа низ

намотките или цевките, може да се слуша

звук на тивко гргорење и клокотење. Тоа е

нормално.

• Кога компресорот е вклучен, средството за

ладење се пумпа низ системот и од него ќе

слушате звуци на шумење и тропање. Тоа

е нормално.

• Термичката дилатација може да

предизвика ненадејни звуци на пукање. Тоа

е природен, безопасен физички феномен.

Тоа е нормално.

• Кога компресорот се вклучува или

исклучува, ќе слушате слабо "кликање" на

температурниот регулатор. Тоа е

нормално.

5.2 Совети за штедење енергија

• Не отворајте ја вратата често и не

оставајте ја отворена подолго отколку што

е неопходно.

• Доколку околната температура е висока,

регулаторот за температура е на

најголемата поставка и апаратот е целосно

наполнет, компресорот може да работи

непрестано, што ќе предизвика формирање

мраз на испарувачот. Ако се случи тоа,

свртете го регулаторот за температура кон

помалите вредности за да овозможите

автоматско одмрзнување, со што ќе

заштедите и електрична енергија.

5.3 Совети за ладење свежа храна

За да добиете најдобри перформанси:
• не ставајте топла храна или течности што

испаруваат во фрижидерот

• покривајте ја или виткајте ја храната,

особено ако има посилен вкус

• ставајте ја храната така што воздухот може

да кружи слободно околу неа

5.4 Совети за ладење

Корисни совети:

Месо (сите видови) : виткајте го во пластични

ќесички и ставајте го на стаклената полица

над фиоката за зеленчук.

Најбезбедно е да го чувате на овој начин

само еден или најмногу два дена.

Зготвена храна, ладни јадења итн: тие треба

да се покриени и може да се стават на која

било полица.

Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво

измиени и ставени во специјалните фиоки за

нив. Кога се во контакт со лимонов сок,

пластичните делови од Вашиот фрижидер

може да ја изгубат бојата. Се препорачува да

ги чувате лимоните во посебни садови.

Путер и сирење: тие треба да се во посебните

херметички садови или завиткани во

МАКЕДОНСКИ

35

Advertising