Ракување, Секојдневна употреба, 1 вклучување – Инструкция по эксплуатации Electrolux EN2900AOW

Страница 33: 2 исклучување, 3 регулирање на температурата, 1 замрзнување на свежа храна, 2 чување смрзната храна

Advertising
background image

1

Фиоки за зеленчук

2

Полици во внатрешноста

3

Држач за шишиња

4

Контролна табла

5

Полица за млечни производи

6

Полица на вратата

7

Полица за шишиња

8

Корпи за замрзнувачот

9

Плочка со спецификации

3. РАКУВАЊЕ

3.1 Вклучување

Вметнете го приклучникот во ѕиден штекер.

Свртете го регулаторот на температурата

надесно до средната поставка.

3.2 Исклучување

За да го исклучите апаратот, свртете го

регулаторот на температурата во положба

"O".

3.3 Регулирање на температурата

Температурата се регулира автоматски.

За да работите со апаратот, постапете на

следниов начин:
• свртете го регулаторот на температурата

кон помалата поставка за да постигнете

минимално ладење.

• свртете го регулаторот на температурата

кон поголемата поставка за да постигнете

максимално ладење.

Средната поставка, општо земено, е

најпогодна.

Меѓутоа, точната поставка треба да се

одбере имајќи предвид дека температурата

во внатрешноста на апаратот зависи од:
• собната температура
• колку често се отвора вратата
• количеството храна што се чува
• местоположбата на апаратот.

Ако околната температура е висока

или апаратот е целосно наполнет, а

апаратот е поставен на најниската

температура, може да работи

непрестано што ќе предизвика да се

формира мраз на задниот ѕид. Во тој

случај, тркалцето мора да се постави

на повисока температура за да се

овозможи автоматско одмрзнување,

а со тоа и помала потрошувачка на

енергија.

4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА

4.1 Замрзнување на свежа храна

Преградата за замрзнување е погодна за

замрзнување на свежа храна и за долгорочно

чување на замрзната и длабоко замрзната

храна.

За да смрзнувате свежа храна не е неопходно

да ја менувате средната поставка.

Меѓутоа, за побрзо смрзнување, свртете го

регулаторот на температурата кон

поголемата поставка за да постигнете

максимално ладење.

Во оваа состојба, температурата на

преградата на фрижидерот може да

падне под 0°C. Ако се случи тоа,

поставете го регулаторот на поставка

за повисока температура.

Ставете ја свежата храна за смрзнување во

горната преграда.

4.2 Чување смрзната храна

По првото вклучување или по извесен период

некористење, пред да ставите производи во

преградата, оставете апаратот да работи

барем 2 часа на најголемата поставка.

МАКЕДОНСКИ

33

Advertising