3 употреба, 4 нега и чистење – Инструкция по эксплуатации Electrolux EHG6341FOK

Страница 4

Advertising
background image

• Користете правилен кабел.
• Внимавајте да не ги оштетите приклучокот

за струја и кабелот. Контактирајте со

сервисниот центар или со електричар за да

го смените оштетениот кабел.

• Електричната инсталација мора да има

изолациски уред кој што ви овозможува да

го исклучите апаратот од приклучокот за

струја од сите полови. Изолацискиот уред

мора да има контактен отвор со ширина од

најмалку 3 mm.

• Користете само правилни уреди за

изолација: заштитни прекинувачи на

линија, осигурувачи (осигурувачи на

вртење извадени од држачот), заземјување

и контактори.

1.3 Употреба

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Постои опасност од повреда,

изгореници или струен удар.

• Користете го апаратот само во домашни

услови.

• Не менувајте ги спецификациите на овој

апарат.

• Не управувајте со апаратот со надворешен

тајмер или со посебен систем за

далечинско управување.

• Не оставајте го апаратот без надгледување

додека работи.

• Не ракувајте со апаратот со влажни раце

или кога тој има контакт со вода.

• Не ставајте прибор за јадење или капаци

од тенџериња на ринглите. Тие може да

станат жешки.

• Исклучувајте ја ринглата на „off“ по секоја

употреба. Не се потпирајте на детекторот

за тенџериња.

• Не употребувајте го апаратот како работна

површина или како простор за складирање.

• Ако на површината има пукнатина,

исклучете го напојувањето на струја за да

спречите струен удар.

• Корисниците со пејсмејкер мора да се

држат на растојание од минимум 30 cm од

индуктивните рингли кога апаратот работи.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од пожар или експлозија.

• При загревање, маснотиите и маслото

може да испуштат запаливи пареи. Држете

го огнот или загреаните предмети подалеку

од маснотиите и маслата кога готвите со

нив.

• Пареата што ја испушта маслото коешто е

многу жешко може да предизвика спонтано

запалување.

• Искористеното масло, што може да содржи

остатоци од храна, може да предизвика

пожар на пониска температура од маслото

што се користи за прв пат.

• Не ставајте запаливи производи или

предмети натопени со запаливи средства

во, блиску до, или на апаратот.

• Не обидувајте се да го изгасите огнот со

вода. Исклучете го апаратот и покријте го

огнот со капак или со ќебе за пожар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од оштетување на

апаратот.

• Не чувајте жешки садови за готвење на

контролната табла.

• Не оставајте садовите за готвење да вријат

на суво.

• Внимавајте предметите или садовите за

готвење да не паднат на апаратот. Може

да се оштети површината.

• Не вклучувајте ги ринглите со празни

садови за готвење или без садови за

готвење.

• Не ставајте алуминиумска фолија на

апаратот.

• Приборот за готвење направен од лиено

железо, алуминиум или со оштетено дно

може да предизвика гребнатини на стакло-

керамиката. Секогаш кревајте ги овие

предмети кога треба да ги преместувате на

површината за готвење.

1.4 Нега и чистење

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од оштетување на

апаратот.

• Редовно чистете го апаратот за да

спречите оштетување на материјалот на

површината.

• Не користете вода во спреј или пареа за

чистење на уредот.

• Исчистете го апаратот со навлежнета мека

крпа. Користете само неутрални

детергенти. Не користете абразивни

средства, сунѓери со жица, растворувачи

или метални предмети.

4

www.electrolux.com

Advertising