Безбедносни информации, 1 безбедност на деца и ранливи лица, 2 монтажа – Инструкция по эксплуатации Electrolux EHG6341FOK

Страница 3: Поврзување на струја

Advertising
background image

1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Пред монтажата и употребата на овој апарат,

внимателно прочитајте ги доставените

упатства. Производителот не е одговорен ако

неправилната монтажа и употреба

предизвикаат повреди и оштетувања.

Секогаш чувајте го упатството со апаратот за

идна употреба.

1.1 Безбедност на деца и ранливи

лица

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Ризик од задушување, повреда или

траен инвалидитет.

• Овој апарат можат да го користат деца над

8 години и лица со намалени физички,

сензорни или ментални способности или

лица без искуство и знаење доколку тоа го

прават под надзор или им биле дадени

упатства како да го употребуваат апаратот

од страна на лице кое е одговорно за

нивната безбедност.

• Не дозволувајте деца да си играат со

апаратот.

• Чувајте го пакувањето настрана од дофат

на деца.

• Држете ги децата и миленичињата

подалеку од апаратот кога тој работи или

кога се лади. Деловите кои се достапни се

жешки.

• Ако апаратот има безбедносен уред за

деца, Ви препорачуваме да го активирате.

• Чистењето и одржувањето не треба да

биде правено од страна на деца без нивен

надзор.

1.2 Монтажа

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Апаратот мора да биде монтиран

само од квалификувано лице.

• Извадете ја целата амбалажа.
• Никогаш не монтирајте и не користете

оштетен апарат.

• Следете ги инструкциите за монтирање

дадени со апаратот.

• Одржувајте минимална оддалеченост од

другите апарати и делови.

• Бидете внимателни кога го преместувате

апаратот затоа што е тежок. Секогаш

носете заштитни ракавици.

• Залепете ги засечените површини со лепак

за да спречите влагата да предизвика

надигнување.

• Заштитете го дното од апаратот од пареа и

влага.

• Не го монтирајте апаратот во близина на

врата или под прозорец. На овој начин ќе

спречите некој жежок сад за готвење да

падне од апаратот кога вратата или

прозорецот се отворени.

• Ако апаратот е монтиран над фиоки,

внимавајте просторот помеѓу дното од

апаратот и горната фиока да е доволен за

циркулација на воздух.

• Проверете дали просторот за вентилација

од 5 mm помеѓу горната работна површина

и предниот дел од апаратот долу е

слободен. Гаранцијата не покрива штета

која е причинета од немање на адекватен

простор за вентилација.

• Дното на апаратот може да стане жежок.

Ви препорачуваме да монтирате

незапалива плоча за одделување под

апаратот за да спречите пристап до дното.

Поврзување на струја

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Опасност од пожар и електричен

шок.

• Сите поврзувања на струја мора да бидат

направени од квалификуван електричар.

• Пред секое поврзување бидете сигурни

дека терминалот на апаратот не е активен.

• Бидете сигурни дека апаратот е точно

инсталиран. Лабави и несоодветни

приклучоци за струја и штекери можат да

го прегреат терминалот.

• Бидете сигурни дека е монтирана

заштитата од електричен шок.

• Внимавајте каблите да не го допираат

апаратот или некој жежок сад за готвење

кога го поврзувате апаратот со блиските

штекери.

• Не оставајте ги каблите да се заплеткаат.
• Користете држач за олабавување на

кабелот.

МАКЕДОНСКИ

3

Advertising