Опис на производот и моќноста – Инструкция по эксплуатации Bosch PBS 75 AE

Страница 51

Advertising
background image

Македонски | 51

Bosch Power Tools

1 619 X08 683 | (1.8.13)

својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.

Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.

Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.

Користете ги електричните апарати, опремата,

додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да

биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови.
Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.

Безбедносни напомени за брусилки

Држете го уредот на изолираните дршки, бидејќи

брусната лента може да го фати сопствениот струен
кабел.
Оштетувањето на струјниот кабел може да ги
стави под напон металните делови на уредот и да
доведе до електричен удар.

Користете го електричниот уред само за суво

брусење. Навлегувањето на вода во електричниот
уред го зголемува ризикот од електричен удар.

Електричниот апарат користете само доколку е

вклучен за обработка на парчето и исклучете го
веднаш по обработката.
Електричниот апарат може
одеднаш да се придвижи.

Никогаш не ја допирајте брусната лента доколку е

во погон. Постои опасност од повреда.

Внимавајте на тоа, да нема лица во близина на

искрите што летаат. Отстранете ги запаливите
материјали што се во близина.
При брусењето на
материјали настанува опасност од искрите што летаат.

Не користете изабени, скршени или уништени

брусни ленти. Оштетените брусни ленти може да се
скршат, распаднат и да повредат некого.

Внимание, постои опасност од пожар! Избегнувајте

прегревање на парчето што се бруси и брусилката.
Пред да направите пауза во работата, секогаш
испразнете го резервоарот за прав.
Правта од
брусењето, микро честичките, хартиената кеса (или
филтер-кесата одн. филтерот на вшмукувачот за прав)
можат самите да се запалат при неповолни услови, како
на пр. летање на искри при брусење на метали.
Особена опасност постои, доколку правта од
брусењето се измеша со остатоци од лак, полиретан
или други хемиски материјали и доколку парчето што
се бруси се вжешти по долготрајна работа.

Редовно чистете ги отворите за проветрување на

вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот
влече прав во куќиштето, а собирањето на голема

количина на метална прав може да предизвика
електрична несреќа.

При работата, држете го електричниот апарат

цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба.
Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.

Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го

зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.

Почекајте додека електричниот апарат сосема не

прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.

Опис на производот и моќноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.

Употреба со соодветна намена

Електричниот апарат е наменет за брусење на суви
површини – со висок капацитет на отстранување – на
дрво, пластика, метал, шпахтел маса како и лакирани
површини.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.

1 Дополнителна дршка (изолирана површина на

дршката)

2 Брусна лента*
3 Затезен лост за брусна лента
4 Копче за подесување на брзината на движење на

лентата(PBS 75 AE)

5 Прекинувач за вклучување/исклучување
6 Комплет кутија за прав (Микро-филтер систем)
7 Копче за фиксирање на прекинувачот за

вклучување/исклучување

8 Рачка (изолирана површина на дршката)
9 Адаптер за вшмукување

10 Млазници за издувување
11 Затезен лост за кутијата за прав
12 Филтер (Микро-филтер систем)
13 Шраф за подесување на текот на лентата
14 Заштитно капаче
15 Вшмукување на прав

*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.

OBJ_BUCH-1651-003.book Page 51 Thursday, August 1, 2013 8:43 AM

Advertising