Помошни напомени и совети – Инструкция по эксплуатации Zanussi ZBA22420SA

Страница 27

Advertising
background image

Местење на полиците на вратата

За да се овозможи
чување пакувања
во разни големини,
полиците на
вратата може да се
стават на различни
височини.

Постепено влечете
ја полицата во
насоката на
стрелките додека
не се ослободи,
потоа наместете ја
по желба.

Помошни напомени и совети

Совети за штедење енергија
• Не отворајте ја вратата често и не

оставајте ја отворена подолго отколку
што е неопходно.

• Доколку околната температура е висока,

регулаторот за температура е на
најголемата поставка и апаратот е
целосно наполнет, компресорот може да
работи непрестано, што ќе предизвика
формирање мраз на испарувачот. Ако
се случи тоа, свртете го регулаторот за
температура кон помалите вредности за
да овозможите автоматско
одмрзнување, со што ќе заштедите и
електрична енергија.

Совети за ладење свежа храна
За да добиете најдобри перформанси:
• не ставајте топла храна или течности

што испаруваат во фрижидерот

• покривајте ја или виткајте ја храната,

особено ако има посилен вкус

• ставајте ја храната така што воздухот

може да кружи слободно околу неа

Совети за ладење
Корисни совети:

Месо (сите видови) : виткајте го во
пластични ќесички и ставајте го на
стаклената полица над фиоката за
зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој начин
само еден или најмногу два дена.
Зготвена храна, ладни јадења и сл.: тие
треба да се покриени и може да се стават
на која било полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се убаво
измиени и ставени во специјалните фиоки
за нив.
Путер и сирење: тие треба да се во
посебните херметички садови или
завиткани во алуминиумска фолија или
пластични ќесички за да се спречи
допирот со воздух.
Шишиња млеко: тие треба да имаат
капаче и да се ставаат на полицата за
шишиња на вратата.
Бананите, компирите, кромидот и лукот,
ако не се спакувани, не смеат да се чуваат
во фрижидер.
Совети за смрзнување
За најдобро користење на смрзнувањето,
еве неколку важни совети:

27

www.zanussi.com

Advertising