Инструкция по эксплуатации Zanussi ZM21M0

Страница 82

Advertising
background image

EMM21150

МК

82

Препораки за

микробрановите

Совети за микробрановите

• Печката секогаш да биде чиста - избегнувајте

истурања и не заборавајте да исчистите под

стаклената тацна и од внатрешната страна на

вратата.

• Најдобро е да користите тркалезни или

овални садови со капак кога готвите во

микробрановата печка.

• Не користете метални или садови со метални

украси. Некои пластични материјали може да

се стопат или извиткаат од жешката храна.

• Покријте ја храната кога готвите. Користете

стаклен капак, чинија или хартија отпорна на

маснотии.

• Пецива, леб и слично може да се одмрзнат

директно во корпа за леб или на салфета.

• Ако смрзната храна се загрева во амбалажата,

таа треба да се отвори. Не смее да се користи

амбалажа што содржи метал или метални

украси освен ако не е препорачана за употреба

во микробранова печка. Извадете ги металните

спојувалки и жиците.

• Мали парчиња алуминиумска фолија може да

се користат за прекривање на деловите што

лесно горат, на пр. пилешки нозе.

• Храната со лушпа или опна треба да се

прободе со виљушка - на пр. компирите и

колбасите. Не варете јајца во микробрановата

печка, тие може да експлодираат.

• Ставајте ги големите, дебели парчиња кај

работ на садот, и обидете се да ја исечете

храната на делови со иста големина. Секогаш

ставајте ја храната на средината на печката.

• Храната ќе се приготви рамномерно ако ја

промешате или свртите неколкупати.

• Секогаш поставајте покусо време за готвење

отколку што ви пишува во рецептите за да

избегнете прекумерно готвење. Колку повеќе

храна, толку подолго се готви.

• Користете малку или воопшто не користете

вода за зеленчукот.

• Користете помалку сол и зачини отколку при

„нормално“ готвење.

• Зачинете потоа.
• Дозволете неколку минути „време за оставање“

откако ќе се исклучи печката, за да овозможите

целосни и рамномерни резултати на готвењето.

• Секогаш внимавајте храната да биде многу

жешка пред да ја сервирате.

• Користете подметки или ракавици кога вадите

садови и јадења од печката.

Топење мед

Ако имате тегла мед што шеќердисал,

тргнете го капакот и ставете ја теглата

во печката, пуштете на средна јачина

2 минути.

Топење чоколадо

Искршете 100 г чоколадо на коцкички,

ставете во сад и пуштете на најсилно

1-2 минути, мешајте добро.

Омекнување или топење путер

За топење се потребни неколку секунди на

најсилно. Омекнувањето е најдобро да се

прави полека, на мала јачина.

Освежување или топлење леб

На средна јачина неколку секунди.

Лесно лупење лук

Загрејте 3 или 4 чешниња лук на најсилно

15 секунди. Притиснете од едниот крај,

лукот ќе излета од лушпата.

Овошен сок

Цитронските овошја ќе дадат повеќе сок

ако се загреат 15 секунди на најсилно пред

цедењето.

Варење каши

Каша и качамак се варат лесно во садот

за послужување, така што не останува

леплива тава за миење.

Advertising
Эта инструкция подходит к следующим моделям: