Погодност за тестирање на садовите за готвење, Садови од фолија, Безбедност на храната – Инструкция по эксплуатации Zanussi ZM21M0

Страница 72

Advertising
background image

EMM21150

МК

72

Погодност за тестирање на садовите

за готвење

• Приборот треба да се провери за да се

осигурате дека е погоден за употреба во

микробранова печка.

• Ставете го приборот во микробрановата

печка заедно со чаша којашто е до половина

полна со вода. Грејте го на (

900W) (100%)

една минута. Ако приборот е жежок, не треба

да го користите. Ако е млак, можете да го

користите за подгревање но не и за готвење.

Ако приборот е со собна температура, тогаш е

погоден за готвење во микробранова печка.

• Салветките, восочната хартија, хартиените

крпи, садови, шолјите, картоните, фолија за

замрзнувач и картоните се одличен и пригоден

прибор. Секогаш бидете сигурни дека садовите

се полни со храна за да апсорбира енергија

и на тој начин да се избегне можноста од

презагревање или палење.

• Многу пластични чинии, шолји, фолии за

замрзнување и пластични фолии може да се

користат во микробрановата печка. Следете ги

упатствата на производителот кога користите

пластика во печката. Избегнувајте користење

на пластичен прибор со храна која содржи

голем процент на мрснотии или шеќер затоа

што оваа храна достигнува висока температура

и може да стопи некој вид на пластика.

• Постојано надгледувајте ја печката, и од време

на време погледнувајте кога подгревате или

печете храна во пластични, хартиени или друг

вид на запалливи садови.

• Металниот прибор и уредите со метална

обвивка не треба да се користат во

микробранова печка, освен ако не е посебно

означено дека е за употреба во микробранова

печка.

• Садовите кои имаат мал отвор, како на пример

шише, не треба да се користат за готвење во

микробрановата печка.

• Внимавајте кога го тргате поклопецот или

капакот од чинијата за да избегнете изгореници

од пареата.

Садови од фолија

Празни садови од фолија може со сигурност да

се користат за загревање на храна во Вашата

микробранова печка ако ги следите следниве

правила:

Садовите од фолија не смееат да бидат

1.

длабоки повеќе од 3 см (1 1/4”).

Не смее да се користи капак од фолија.

2.

Садовите од фолија мора да бидат барем две

3.

третини полни со храна. Празни садови не

смеат никогаш да се користат.

Садовите од фолија треба да се користат

4.

самостојно во микробрановата печка и не

смее да се дозволи допирање со страничните

делови. Ако Вашата печка има метална тацна

или држач за готвење садот од фолија треба

да се постави врз превртена огноотпорна

плоча.

Садовите од фолија не треба да се користат

5.

после првата употреба во микробранова печка.

Ако микробрановата печка се користела

6.

15 минути или повеќе, оставете ја да олади

пред повторно да ја користите.

Садот и тацната можат да се вжештат за

7.

време на користењето, внимавајте кога

ги тргате од печката. Препорачливо е да

користите крпа или ракавица кога го правите

ова.

Запомнете дека кога користите сад

8.

од алуминиумска фолија времето на

загревање или готвење може да е подолго од

вообичаеното, секогаш бидете сигурни дека

храната е жешка пред да ја послужите.

Безбедност на храната

• Не загревајте храна во конзерви во

микробрановата печка. Секогаш извадете ја

храната и ставете ја во погоден сад.

• Во микробрановата печка не треба да се

пржи во маснотии бидејќи температурата на

маснотиите не може да се контролира и може

да дојде до опасни ситуации.

• Во микробрановата печка може да се прават

пуканки, но само во специјална амбалажа

или во садови конструирани посебно за таа

намена. Правењето пуканки никогаш не смее

да биде без надзор.

• Прободете ја храната со непропусни лушпи

или опни за да спречите насобирање пареа

и прскање. Јаболката, компирите, пилешкиот

џигер и жолчките од јајца се пример за храна

што треба да се прободе.

Advertising
Эта инструкция подходит к следующим моделям: