Одржување и сервис – Инструкция по эксплуатации Bosch PSR 12-2

Страница 61

Advertising
background image

Македонски | 61

Bosch Power Tools

1 609 92A 0A8 | (13.6.13)

Приказот за правец на вртење Тек на лево 5 свети
доколку е активиран прекинувачот за
вклучување/исклучување 11 и доколку работи
моторот.

Избирање на вртежниот момент
Со прстенот за подесување на вртежниот момент 2 може
да го изберете потребниот вртежен момент во 25 степени.
При правилно подесување, алатот што се вметнува ќе се
стопира, откако шрафот цврсто ќе се зашрафи во
материјалот одн. откако ќе се постигне поставениот
вртежен момент. Во позиција „

“ преоптеретната спојка

е деактивирана, на пр. при дупчење.
При одвртување на шрафови евентуално може да
одберете повисока поставка одн. да поставите на ознаката

“.

Механички избор на брзини
Прекинувачот за избор на брзини 3 активирајте го

само доколку електричниот апарат е во состојба на
мирување.

Со прекинувачот за избор на брзини 3 може да изберете
2 обеми на брзини.

Брзина I:
Низок обем на вртежи; за зашрафување или работење со
голем дијаметар на дупчење.

Брзина II:
Висок обем на вртежи; за работење со мал дијаметар на
дупчење.

Доколку прекинувачот за менување брзини 3 не може да
се вметне до крај, свртете ја малку главата за дупчење со
дупчалката.

Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот апарат
притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување
11 и држете го притиснат.
Лампата 9 свети доколку прекинувачот за вклучување/
исклучување 11 е напола или целосно притиснат и
овозможува осветлување на работното поле при
неповолни светлосни услови.

За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 11.

Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 11.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 11 се постигнуваат мал број на вртежи. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
вртежи.

Целосно автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 11 не
е притиснат, вретеното за дупчење и прифатот за алат ќе
се фиксираат.

Ова овозможува зашрафување на шрафови и при
испразнета батерија одн. користење на електричниот алат
како шрафцигер.

Кочница за исфрлување од брзина
При отпуштање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 11 се закочува главата за дупчење и со тоа
се спречува повторното стартување на алатот што се
вметнува.

При зашрафување на шрафови, прекинувачот за
вклучување/исклучување 11 отпуштете го дури откако
шрафот цврсто ќе биде зашрафен во материјалот. На тој
начин главата на шрафот нема да навлезе во материјалот.

Совети при работењето

Електричниот апарат ставете го на шрафот само

доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се
врти, тој може да се преврти и падне.

По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го
оладите електричниот апарат оставете го да се врти во
празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.

При дупчење во метал, користете само беспрекорно
наострени HSS дупчалки (HSS=висококапацитетни за
брзо сечење со челик). Програмата на опрема на Bosch
гарантира квалитет.

Пред зашрафување на големи, подолги шрафови во
цврсти материјали, претходно издупчете

2

/

3

од должината

на шрафот според внатрешниот дијаметар на навојот.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Пред било каква интервенција на електричниот

апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и

отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.

Доколку електричниот апарат се расипе и покрај
грижливото одржување во согласност со напомените на
производителот, поправката треба да се изврши само од
страна на овластената сервисна служба за Bosch-
електрични алати.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на уредот.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Експлозивен цртеж и
информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com

OBJ_BUCH-278-004.book Page 61 Thursday, June 13, 2013 2:33 PM

Advertising