Употреба – Инструкция по эксплуатации Bosch PSR 12-2

Страница 60

Advertising
background image

60 | Македонски

1 609 92A 0A8 | (13.6.13)

Bosch Power Tools

Замена на алатот (види слика A)

Пред било каква интервенција на електричниот

апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 11 не
е притиснат, вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова
овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот
што се вметнува во главата за дупчење.

Отворете ја брзозатезната глава за дупчење 1 со вртење
во правец

, додека не се стави алатот. Вметнете го

алатот.

Чаурата на брзозатезната глава 1 свртете ја цврсто ја во
правец

, додека целосно не се заклучи. Со тоа, главата

автоматски се заклучува.

Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во
спротивен правец за да го извадите алатот.

Менување на главата за дупчење

Пред било каква интервенција на електричниот

апарат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како
и при негов транспорт и складирање, прекинувачот
за правец на вртење ставете го во средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот за
вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Вадење на сигурносниот шраф (види слика B)
Брзозатезната глава за дупчење 1 е заштитена од
невнимателно олабавување на вретеното за дупчење со
сигурносниот шраф 14. Отворете ја целосно
брзозатезната глава за дупчење 1 и одвртете го
сигурносниот шраф 14 во правец на вртење

.

Внимавајте сигурносната завртка да има лев навој.

Демонтирање на главата за дупчење (види слика C)
Клучот со внатрешна шестаголна глава 15 со кратко вратило
зацврстете го во брзозатезната глава за дупчење

1.

Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на
пр. на работна клупа. Држете го цврсто електричниот алат
и олабавете ја брзозатезната глава за дупчење 1 со
вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава 15 во
правец

. Доколку брзозатезната глава за дупчење е јако

зацврстена, ќе ја олабавите со лесен удар на долгото
вретено на клучот со внатрешна шестаголна глава 15.
Извадете го клучот со внатрешна шестаголна глава од
брзозатезната глава за дупчење и целосно зацврстете ја
брзозатезната глава за дупчење.

Монтирање на главата за дупчење (види слика D)
Монтажата на брзозатезната глава за дупчење ќе ја
извршите по обратен редослед.

Главата за дупчење мора да биде зацврстена со
вртежен момент со затегање од 17–23 Nm.

Зашрафете го сигурносниот шраф 14 во правец
спротивен на стрелките од часовникот во отворената
брзозатезна глава за дупчење. Секогаш користете нов

сигурносен шраф, бидејќи на неговиот навој има
нанесено сигурносна леплива маса, која при
повеќекратна употреба не делува повеќе.

Вшмукување на прав/струготини

 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои

видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.

– Погрижете се за добра проветреност на работното

место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при

вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.

Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

Употреба

Ставање во употреба

Вметнување на батерија
Користете само оригинални Bosch O-Pack батерии со

напон кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот електричен уред.
Користењето друг вид
батерии може да доведе до повреди и опасност од
пожар.

Прекинувачот за менување на правецот на вртење 10
поставете го на средината, за да спречите несакано
вклучување. Наполнетата батерија 8 вметнете ја во
дршката, додека не се вклопи и не легне рамно во
дршката.

Поставете го правецот на вртење (види слика E)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 10
може да го промените правецот на вртење на
електричниот апарат. Доколку прекинувачот за
вклучување/исклучување 11 е притиснат ова не е
возможно.

Тек на десно: За дупчење и зашрафување на шрафови
притиснете го прекинувачот за менување на правец на
вртење 10 на лево до крај.

Приказот за правец на вртење Тек на десно 4
свети доколку е активиран прекинувачот за
вклучување/исклучување 11 и доколку работи
моторот.

Тек на лево: За одвртување одн. отшрафување на
шрафови притиснете го прекинувачот за менување на
правецот на вртење 10 на десно до крај.

OBJ_BUCH-278-004.book Page 60 Thursday, June 13, 2013 2:33 PM

Advertising