Опис на производот и моќноста – Инструкция по эксплуатации Bosch PSR 960
Страница 51
Македонски | 51
Bosch Power Tools
1 609 92A 06B | (26.3.13)
Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за дупчалки и
одвртувачи
Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде алатот што се
вметнува или шрафот може да наиде на скриени
електрични кабли. Контактот со струјниот кабел може
металните делови на уредот да ги стави под напон и да
доведе до електричен удар.
Користете ги дополнителни дршки, доколку се
испорачани заедно со електричниот алат. Губењето
на контролата може да доведе до повреди.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
Доколку се блокира алатот што се вметнува,
исклучете го електричниот апарат. Бидете
претпазливи со високите реакциски моменти, што
може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се
вметнува се блокира, доколку:
– се преоптовари електричниот алат или
– е накривен во однос на парчето што се обработува.
Цврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од
трајно изложување на сончеви зраци, оган,
вода или влага. Постои опасност од
експлозија.
Користете само оригинални Bosch батерии со напон
кој е наведен на спецификационата плочка на
Вашиот електричен уред. При користење на други
батерии, на пр. имитации, истрошени батерии или
непознати производители, постои опасност од повреди
како и материјални штети доколку експлодира
батеријата.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е одреден за зашрафување и
одвртување на шрафови како и за дупчење во дрво,
метал, керамика и пластика.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Брзозатегачка глава
2 Предна чаура
3 Задна чаура
4 Прстен за подесување на вртежниот момент
5 Бит за одвртувач/зашрафувач *
6 Копче за отклучување на батеријата
7 Батерија
8 Прекинувач за вклучување/исклучување
9 Прекинувач за менување на правецот на вртење
10 Рачка (изолирана површина на дршката)
11 Универзален држач за битови *
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Батериска дупчалка-одвртувач
PSR 960
PSR 1200
Број на дел/артикл
0 603 944 6..
0 603 944 5..
Номинален напон
волти=
9,6
12
Број на празни вртежи
min
-1
0–550
0–700
макс. вртежен момент при јако зашрафување според ISO 5393
Nm
12
15
Ве молиме внимавајте на бројот на производот на спецификационата плочка на Вашиот електричен апарат. Трговските називи на поединечни
електрични апарати може да варираат.
OBJ_BUCH-600-005.book Page 51 Tuesday, March 26, 2013 5:12 PM