Корисни совети и препораки, 2 чување смрзната храна, 3 одмрзнување – Инструкция по эксплуатации AEG AGN71800F0

Страница 21: 4 акумулатори на студ, 1 совети за смрзнување, 2 совети за чување смрзната храна

Advertising
background image

5.2 Чување смрзната храна

По првото вклучување или по извесен

период некористење, пред да ставите

производи во преградата, оставете

апаратот да работи барем 2 часа на

најголемата поставка.

Во случај на случајно

одмрзнување, на пример

поради снемување струја, ако

немало струја подолго време

отколку под ставката "време на

одржување" во табелата за

технички карактеристики,

одмрзнатата храна мора да се

изеде брзо или да се зготви

веднаш, а потоа повторно да

се смрзне (откако ќе се

излади).

5.3 Одмрзнување

Пред да се користи, длабоко

замрзнатата или обично замрзнатата

храна може да се одмрзне на собна

температура.

Малите парчиња може дури и да се

готват замрзнати, директно од

замрзнувачот: во тој случај, готвењето

ќе трае подолго.

5.4 Акумулатори на студ

Во смрзнувачот има еден или повеќе

акумулатори на студ. тие го

продолжуваат времетраењето на

чување на храната во случај на

снемување струја или дефект.

6. КОРИСНИ СОВЕТИ И ПРЕПОРАКИ

6.1 Совети за смрзнување

За најдобро користење на

смрзнувањето, еве неколку важни

совети:
• максималното количество храна

што може да се смрзне за 24 часови

е покажано на плочката со

спецификации;

• смрзнувањето трае 24 часа. Не

треба да се додава храна за

смрзнување во тој период;

• смрзнувајте само квалитетна, свежа

и убаво измиена храна;

• поделете ја храната во мали порции

за да може брзо и целосно да се

смрзне и за да овозможите

одмрзнување само на потребните

количества;

• завиткајте ја храната во

алуминиумска или пластична

фолија убаво и стегнато;

• не дозволувајте свежата

несмрзната храна да ја допира

храната што е веќе смрзната, за да

не ја загреете вторава;

• немасната храна се чува подобро и

подолго отколку масната; солта го

намалува векот на чување на

храната;

• водениот мраз, ако се конзумира

веднаш по вадењето од преградата

на замрзнувачот, може да

предизвика смрзнатици на кожата;

• препорачливо е да се запише

датумот на смрзнување на секое

пакување за да можете да водите

сметка за времето на смрзнатост.

6.2 Совети за чување

смрзната храна

За да добиете најдобри перформанси

од апаратот, почитувајте ги следниве

напомени:
• проверете дали комерцијалните

смрзнати прехранбени продукти

биле соодветно чувани кај

продавачот;

• погрижете се смрзнатите

прехранбени продукти да се

пренесат од продавницата до

замрзнувачот во најкраток можен

рок;

• не отворајте ја вратата често и не

оставајте ја отворена подолго

отколку што е неопходно;

• штом ќе се одмрзне, храната се

расипува брзо и не може повторно

да се смрзне;

МАКЕДОНСКИ

21

Advertising