Решавање на проблеми, 2 периодично чистење, 3 одмрзнување на фрижидерот – Инструкция по эксплуатации Electrolux EN3881AOX

Страница 32: 4 одмрзнување на замрзнувачот

Advertising
background image

6.2 Периодично чистење

Опремата треба редовно да се чисти:
• измијте ги внатрешноста и додатоците со

млака вода и малку неутрален сапун.

• редовно проверувајте ги заптивките на

вратата и бришете ги за да бидат чисти и

без остатоци од храна.

• избришете и исушете целосно.

Не влечете ги, не поместувајте ги и

не оштетувајте ги цевките и/или

каблите во фрижидерот.

Никогаш не користете детергенти,

груби прашоци, многу парфимирани

средства за чистење или восок за

полирање за чистење на

внатрешноста, бидејќи така може да

се оштетат површините и да остане

силен мирис.

Чистете ги со четка кондензаторот (црната

решетка) и компресорот на задната страна на

апаратот. Со тоа се подобрува работењето на

апаратот и се штеди електрична енергија.

Внимавајте да не го оштетите

системот за ладење.

Многу средства за чистење кујнски површини

содржат хемикалии што може да ја нагризат/

оштетат пластиката на апаратот. Поради тоа,

се препорачува надворешноста на апаратот

да се чисти само со топла вода со малку

течност за миење.

По чистењето, приклучете ја повторно

опремата во електричната мрежа.

6.3 Одмрзнување на фрижидерот

Мразот автоматски се отстранува од

испарувачот во преградата од фрижидерот

секогаш кога компресорот ќе престане да

работи во текот на вообичаената употреба.

Водата од одмрзнувањето истекува низ

посебно дупче за истекување во посебен сад

од задната страна на апаратот, над

компресорот, каде што испарува.

Важно е повремено да се исчисти дупчето за

истекување на водата од одмрзнувањето на

средината на каналот во преградата на

фрижидерот за да се спречи прелевање на

водата и нејзино капење врз храната внатре.

Користете го приложениот специјален чистач,

што ќе го најдете веќе вметнат во дупчето за

истекување.

6.4 Одмрзнување на замрзнувачот

Одделот на замрзнувачот на овој модел е од

типот "без мраз". Тоа значи дека нема

создавање мраз во текот на работата, ниту на

внатрешните ѕидови ниту на храната.

Тоа се должи на постојаното струење на

студениот воздух во внатрешноста на

одделот, придвижуван од автоматски

регулиран вентилатор.

7. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ

ВНИМАНИЕ

Пред решавање на проблемите,

извадете го приклучокот за струја од

штекерот.

Само квалификуван електричар или

стручно лице смее да ги решава

проблемите што не се наведени во

овој прирачник.

Во текот на вообичаеното користење,

се јавуваат одредени звуци

(компресор, циркулација на

средството за ладење).

32 www.electrolux.com

Advertising