10 контрола на влажноста, 11 фиока freshzone, 12 режим freshzone – Инструкция по эксплуатации Electrolux EN3881AOX

Страница 29: 13 фиока crispfresh

Advertising
background image

Не поместувајте ја големата полица

на долната врата за да се обезбеди

струење на воздухот.

4.10 Контрола на влажноста

При складирање зеленчук и овошје во

фрижидерот, добра практика е да се ставаат

производите во фиоката. Фрижидерот

одржува ниска температура и на тој начин го

забавува стареењето. Во нормални услови,

кога фиоката за зеленчук не е целосно

наполнета и кога содржи мешавина на

зеленчук и овошје, контролата на влажноста

треба да се постави на поголема влажност

илустрирана со големата капка. Тоа значи

дека горната решетка е затворена и во

внатрешноста на фиоката се одржува висока

влажност. Тоа треба да е стандардна

поставка. Понекогаш, кога фиоката е

преполна, постои опасност производите да се

оладат недоволно ефикасно; во тој случај,

добра практика е да се отворат отворите на

решетката кон помалата капка. Зеленчукот

вообичаено се лади со испарување на

водата, а во случај кога отворите се

затворени, постои опасност од насобирање

на капки и локви вода во внатрешноста.

Производите што може да доведат до

создавање големи количини влажност се

марулата, печурките, брокулата и морковите.

Во случаи кога мешавината содржи јаболка и

овошје, добра идеја би била да се држат

отворите малку отворени во случај кога

постои ризик од собирање на етилен во

внатрешноста. Етиленот е хормон за растење

којшто го испуштаат некои видови на овошје и

зеленчук и може да им наштети на некои од

нив и да го забрза стареењето на други.

4.11 фиока Freshzone

Овој уред овозможува брзо ладење на

храната и порамномерна температура во

фиоката.

За да ја вклучите функцијата:

1.

Вклучете ја функцијата Купување.

2.

Се пали показателот за Купување.

3.

Отворете го крилото како што е

прикажано на сликата.

За да ја исклучите фукнцијата:

1.

Затворете го крилото.

2.

Исклучете ја функцијата Купување.

3.

Показателот за Купување се исклучува.

Функцијата се исклучува автоматски

по неколку часа.

4.12 Режим FreshZone

Ако преградата не е потребна како FreshZone,

поставките може да се сменат за да ја имате

како фиока за ниска температура.

Отворете го крилото како што е прикажано на

сликата.

За да ја исклучите функцијата, лизнете го

крилото надолу.

4.13 фиока CrispFresh

Фиоката е погодна за чување на овошје и

зеленчук.

МАКЕДОНСКИ

29

Advertising