Инструкция по эксплуатации Bosch PSR 7,2 LI

Страница 143

Advertising
background image

Bosch Power Tools

1 609 92A 09F | (8.7.13)

Македонски | 143

Лампата 7 свети доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 8 е
напола или целосно притиснат и овозможува осветлување на работното
поле при неповолни светлосни услови.

За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го прекинувачот за
вклучување/исклучување 8.

Поставување на број на вртежи
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат може да го
регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го
притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување 8.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување 8
се постигнуваат мал број на вртежи. Со зголемување на притисокот се
зголемува и бројот на вртежи.

Целосно автоматска блокада на вретеното (Auto-Lock)
Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 8 не е притиснат,
вретеното за дупчење и прифатот за алат ќе се фиксираат.

Ова овозможува зашрафување на шрафови и при испразнета батерија
одн. користење на електричниот алат како шрафцигер.

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари електричниот апарат.
При големо оптоварување или пречекорување на дозволената
температура на батеријата 70 °C електрониката го исклучува
електричниот апарат, додека не се врати во оптималните граници на
температура.

Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на
ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење. Доколку се испразни
батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.

Совети при работењето

Електричниот апарат ставете го на шрафот само доколку е

исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се врти, тој може да се
преврти и падне.

OBJ_BUCH-809-005.book Page 143 Monday, July 8, 2013 3:56 PM

Advertising