Инструкция по эксплуатации Bosch PRR 250 ES

Страница 61

Advertising
background image

Македонски | 61

Bosch Power Tools

2 609 007 326 | (29.5.13)

Носете соодветна облека. Не носете широка облека

или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците
подалеку од подвижните делови.
Лесната облека,
накитот или долгата коса може да се зафатат од
подвижните делови.

Доколку треба да се инсталираат уреди за

вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно
се приклучени и прикладно се користат.
Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува
опасноста од прав.

Користење и ракување со електричниот апарат
Не го преоптоварувајте уредот. Користете го

соодветниот електричен апарат за Вашата работа.
Со соодветниот електричен апарат ќе работите
подобро и посигурно во зададениот домен на работа.

Не користете го електричниот апарат, доколку има

дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.

Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или

извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот.
Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.

Чувајте ги подалеку од дофатот на деца

електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства.
Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.

Одржувајте ги грижливо електричните апарати.

Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот.
Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.

Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.

Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.

Користете ги електричните апарати, опремата,

додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да

биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови.
Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.

Безбедносни напомени за валјаци за брусење

Општи безбедносни напомени за брусење со брусна
хартија и работење со жичани четки
Овој електричен апарат се употребува како алатка

за брусење со брусна хартија и жичана четка.
Внимавајте на сите безбедносни напомени,
упатства, прикази и податоци што сте ги добиле во
прилог на електричниот апарат.
Доколку не
внимавате на следните упатства, може да дојде до
електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Овој електричен апарат не е погоден за полирање и

сечење. Доколку го користите електричниот апарат за
несоодветни намени, може да предизвика опасност и
повреди.

Не користете прибор што не е специјално предвиден

и препорачан од производителот на овој електричен
апарат.
Не Ви е загарантирана безбедната употреба,
само заради фактот дека приборот може да се
прицврсти на вашиот електричен апарат.

Дозволениот број на вртежи на алатот што се

вметнува мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот апарат.
Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.

Не користете оштетени алати за вметнување. Пред

секое користење, проверете ги алатите што се
вметнуваат како на пр. дали на чаурите за брусење и
ламелни валјаци има скинати делови и процепи,
дали на вратилото за прифат има пукнатини, дали се
истрошени или изабени, и дали има олабавени или
скршени жици на жичаната четка. Доколку ви падне
електричниот апарат или алатот што се вметнува,
проверете дали е оштетен или пак употребете
неоштетен алат за вметнување. Откако сте го
провериле и ставиле алатот за вметнување, не им
дозволувајте на лицата да бидат во близина на
нивото на вклучениот апарат и оставете го апаратот
да врти една минута на највисок број на вртежи.
Повеќето од оштетените алати за вметнување ќе се
скршат во текот на овој пробен период.

Носете заштитна опрема. Во зависност од

употребата, носете целосна заштита за лицето,
очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете
маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни
ракавици или специјални престилки што ќе ве
заштитат од честичките настанати при брусење на
материјалот.
Треба да ги заштитите очите од туѓите
тела што летаат наоколу, а се настанати од различната
употреба на уредот. Маските за заштита од прав и
заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат
правта што настанува при употребата. Доколку сте
изложени на гласна врева подолго време, може да го
изгубите слухот.

Доколку има други лица во работното поле, држете

ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе
во работното поле, мора да носи лична заштитна
опрема.
Парчињата од делот што се обработува или

OBJ_BUCH-1834-002.book Page 61 Wednesday, May 29, 2013 4:30 PM

Advertising