Помошни напомени и совети – Инструкция по эксплуатации Electrolux EWF106410W

Страница 38

Advertising
background image

Прекинување на програма
Повторно притиснете го копчето 8 за да

ја прекинете програмата, која е во тек,

соодветната зелена контролна сијалица

ќе почне да трепка.

Повторно притиснете го копчето за да

ја одново да ја стартувате програмата.
Откажување програма
Свртете го тркалцето на програматорот

на за да ја откажете пуштената

програма.

Сега можете да изберете нова програма.
Отворање на вратата
Откако програмата ќе стартува (или во

текот на одложеното време) вратата е

заклучена, ако сакате да ја отворите,

прво ставете ја машината на ПАУЗА со

притискање на копчето 8 .

По неколку минути контролната

сијалица 9 се гаси и вратата може да се

отвора.

Ако контролната сијалица остане

запалена, тоа значи дека машината

веќе се загрева или дека нивото на

водата е превисоко. Како и да е, не

обидувајте се да ја отворите вратата на

сила!

Ако не можете да ја отворите вратата, а

ви треба да ја отворите, ќе мора да ја

исклучите машината со вртење на

бирачот на O . По неколку минути

вратата може да се отвори (обратете

внимание на нивото и температурата

на водата!) .

Откако ќе ја затворите вратата, одново

ќе треба да ги нагодите програмата и

другите опции и да го притиснете

копчето 8 .
Kога ќе заврши програмата
Машината запира автоматски. Три 0.00

кои трепкаат се појавуваат на екранот,

а контролната сијалица на копчето 8 се

гасне. Се огласуваат звучни сигнали.

Ако е одбрана програма или опција што

завршува со вода во кадата, вратата

останува заклучена како показател дека

водата мора да се испушти пред да се

отвори вратата.

Постапете на следниов начин за да ја

испуштите водата:

1. Завртете го програматорот на O .

2. Одберете програма за испуштање

водата или за центрифугирање.

3. Доколку е потребно, намалете ја

брзината на центрифугирање

притискајќи го соодветното копче.

4. Повторно притиснете го копчето 8 .

На крајот на програмата, вратата се

ослободува и може да се отвори.

Завртете го програматорот на O за да

ја исклучите машината.

Извадете ги алиштата од барабанот и

внимателно проверете дали барабанот

е празен. Доколку немате намера да

изведувате друго перење, затворете ја

славината. Оставете ја вратата

подотворена за да спречите создавање

на мувла и непријатни миризби.

Подготвеност : штом ќе заврши

програмата, по неколку минути ќе се

вклучи системот за штедење енергија.

Осветленоста на екранот се намалува.

Апаратот ќе излезе од состојбата за

штедење енергија со притискање на

кое било копче.

ПОМОШНИ НАПОМЕНИ И СОВЕТИ

Сортирање на алиштата
Следете ги шифрираните симболи за

перење на секој дел од облеката и

упатствата на производителот за

перење. Сортирајте ги алиштата на

следниот начин: бели, во боја,

синтетика, чувствителни, волнени.

Пред ставање на алиштата
Никогаш не перете заедно бели и

шарени алишта. Белите би можеле да

ја изгубат својата "белина" при

перењето.

Новите шарени алишта може да

испуштат боја при првото перење;

затоа треба да се перат одвоено

првиот пат.

38 electrolux

Advertising