12 режим holiday, 13 функција childlock, Секојдневна употреба – Инструкция по эксплуатации AEG S72300DSX1
Страница 51: 1 почетно вклучување
Тајмерот неколку секунди ја прикажува
поставената вредност (30 минути).
2. Притиснете го копчето за пониска
и повисока температура за да ја
промените поставената вредност
на Тајмерот од 1 до 90 минути.
3. Притиснете го OK за да потврдите.
Се прикажува показното светло
MinuteMinder.
Тајмерот започнува да трепка (min).
Можете да го менувате времето кога
сакате во текот на одбројувањето и на
крајот, со притискање на копчето за
намалување на температурата и на
копчето за зголемување на
температурата.
На крајот на одбројувањето, показното
светло MinuteMinder трепка и се
огласува звучен аларм. Притиснете го
копчето OK за да го исклучите звукот и
да ја прекинете функцијата.
Функцијата можете да ја исклучите во
секое време за време на
одбројувањето, со повторување на
чекорите за функцијата додека да се
изгасне показното светло.
3.12 режим Holiday
Оваа функција ви овозможува да го
држите фрижидерот затворен и
празен подолг временски период без
да се создаде лоша миризба.
Испразнете го фрижидерот
пред да го вклучите
режимот Holiday.
1. Притиснете го Mode додека не се
појави показното светло за
симболот Holiday.
Симболот Holiday трепка.
Температурниот показател на
замрзнувачот ја покажува поставената
температура.
2. Притиснете го копчето OK за
потврда.
Симболот Holiday се појавува.
За да го исклучите режимот Holiday,
повторете ја постапката додека не се
исклучи показното светло со симболот
Holiday.
3.13 Функција ChildLock
Вклучете ја функцијата ChildLock за да
ги заклучите копчињата од ненамерно
притискање.
1. Притискајте го копчето Mode сè
додека не се појави соодветниот
симбол.
Показното светло ChildLock трепка.
2. Притиснете OK за да потврдите.
Се прикажува показното светло
ChildLock.
За да ја исклучите функцијата
ChildLock, повторете ја постапката
додека не се исклучи показното светло
ChildLock.
4. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
4.1 Почетно вклучување
ВНИМАНИЕ!
Пред да го ставите
приклучокот во штекерот и
да го вклучите апаратот за
прв пат оставете го
апаратот исправено
најмалку 4 часа. Ова е
доволно време за маслото
да се врати во
компресорот. Поинаку,
компресорот или
електричните компоненти
може да претрпат штета.
МАКЕДОНСКИ
51