Опис на производот и моќноста, Монтажа – Инструкция по эксплуатации Bosch PKP 3,6 LI
Страница 47
Македонски | 47
Bosch Power Tools
1 609 92A 0DS | (27.6.13)
Безбедносни напомени за полначи
Полначот држете го подалеку од дожд и влага.
Навлегувањето на вода во полначот го зголемува
ризикот од електричен удар.
Полнете само Bosch литиум-јонски батерии или
вградени литиум-јонски батерии во производите на
Bosch. Напонот на батеријата мора да одговара на
напонот за полнење на батеријата. Инаку постои
опасност од пожар и експлозија.
Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се
извалка, постои опасност од електричен удар.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени однесете ги
на лекар. Пареата може да ги надразни дишните
патишта.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Пиштолот за лепење е наменет за лепење без раствор на
хартија, картон, плута, дрво, кожа, текстил, сунѓер,
пластика (освен PE, PP, PTFE, Styropor® и мек PVC),
керамика, порцелан, метал, стакло и камен.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на пиштолот за лепење на графичката страница.
1 Млазница
2 Силиконско капаче
3 Копче за придвижување
4 Стик за лепење*
5 Отвор за стикот за лепење
6 Приказ на загревањето
7 Копче за вклучување-исклучување
8 Приказ за наполнетоста на батеријата
9 Приклучок за полнење на полначот
10 Отвор за приклучокот за полнење
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Монтажа
Полнење на батеријата (види слика A)
Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на полначот.
Полначите означени со 230 волти исто така може да се
користат и на 220 волти.
Батеријата се испорачува делумно наполнета.
За да обезбедите максимален капацитет на батеријата,
пред првата употреба наполнете ја целосно (најмалку
2 –3 часа).
Пиштолот за лепење не може да се користи за време на
процесот на полнење; тој не е дефектен доколку не
функционира за време на процесот на полнење.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое
време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење.
Доколку батеријата е испразнета, пиштолот за лепење се
исклучува со заштитно коло: Смесата за лепење нема да
се загрева повеќе.
Батериски пиштол за лепење
PKP 3,6 LI
Број на дел/артикл
3 603 B64 6..
Време на загревање
с
околу 15
Температура на лепење
°C
околу 170
Дијаметар на стикот за
лепење
мм
Ø 7
Должина на стикот за
лепење
мм
150
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01/2003
кг
0,3
Батерија
Литиум-јонска
Номинален напон
волти=
3,6
Капацитет
Ач
1,5
Број на батериски ќелии
1
Времетраење на работата
по полнење на батерија
(според постапка на
тестирање на Bosch)
мин
околу 30
(одговара на
обработка на околу 6
стикови за лепење)
Полнач
Број на дел/артикл
2 609 120 4..
Време на полнење
ч
3,0 –4,0
Напон на полнење на
батеријата
волти=
5
Струја за полнење
мА
500
Дозволени граници на
температура за полнење
°C
+5 ... +40
Тежина согласно EPTA-
Procedure 01/2003
кг
0,1
Класа на заштита
/
II
Батериски пиштол за лепење
PKP 3,6 LI
OBJ_BUCH-1684-002.book Page 47 Thursday, June 27, 2013 3:47 PM