Одржување и сервис – Инструкция по эксплуатации Bosch PSR 10,8 LI
Страница 172
172 | Македонски
1 609 92A 0A1 | (9.7.13)
Bosch Power Tools
Совети при работењето
Електричниот апарат ставете го на шрафот само доколку е
исклучен. Доколку апаратот е вклучен и се врти, тој може да се
преврти и падне.
По долготрајна работа со мал број на вртежи, за да го оладите
електричниот апарат оставете го да се врти во празен од околу
3 минути со максимален број на вртежи.
При дупчење во метал, користете само беспрекорно наострени HSS
дупчалки (HSS=висококапацитетни за брзо сечење со челик).
Програмата на опрема на Bosch гарантира квалитет.
Пред зашрафување на големи, подолги шрафови во цврсти
материјали, претходно издупчете
2
/
3
од должината на шрафот според
внатрешниот дијаметар на навојот.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр.
одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и
складирање, прекинувачот за правец на вртење ставете го во
средна позиција. При невнимателно ракување со прекинувачот
за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за
проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку батеријата не функционира повеќе, Ве молиме обратете се
во овластената сервисна служба за Bosch електрични апарати.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете
го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични
апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.
Доколку електричниот апарат се расипе и покрај грижливото
одржување во согласност со напомените на производителот,
поправката треба да се изврши само од страна на овластената
сервисна служба за Bosch-електрични алати.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете
го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.
OBJ_BUCH-1460-003.book Page 172 Tuesday, July 9, 2013 4:21 PM