Инструкция по эксплуатации Bosch IXO
Страница 150
1 609 92A 0AE | (9.7.13)
Bosch Power Tools
150 | Македонски
Доколку приказот за наполнетост на батеријата 5 не свети повеќе,
батеријата е целосно наполнета.
За време на процесот на полнење, дршката на електричниот апарат се
затоплува. Ова е нормално.
Доколку не го употребувате, извадете го полначот од струја.
Електричниот апарат не може да се користи за време на процесот на
полнење; тој не е дефектен, доколку за време на процесот на полнење
не функционира.
Заштитете го полначот од влага!
Внимавајте на напомените за отстранување.
Замена на алатот (види слика B)
Не користете двострани уметоци за одвртувачот, што се подолги
од 25 мм.
Битот за одвртувачот 1 ставете го директно во прифатот за алат 2.
Ексцентричен додаток/Аголен додаток/Додаток за
вртежен момент (види слики C – F)
Со ексцентричниот додаток 13 може да одвртувате по рабовите.
Со аголниот додаток 14 може да зашрафувате на тешко достапни места.
Со прстенот за подесување на вртежниот момент 16 на додатокот за
вртежен момент 15 може да го изберете потребниот вртежен момент во
10 степени. При правилно подесување, алатот што се вметнува ќе се
стопира, откако шрафот цврсто ќе се зашрафи во материјалот одн.
откако ќе се постигне поставениот вртежен момент.
Монтажа (види ги сликите C–F)
За монтажа на додатоците, извлечете го гуменото капаче 3 нанапред. На
крај може да ги вметнете додатоците. Монтажата на додатоците е
возможна со поместување за 45°.
Демонтажа (види ги сликите E–F)
За демонтажа на додатоците, свртете го прстенот за отклучување 18 во
правец на вртење
и извлечете го додатокот нанапред. Повторно
ставете го гуменото капаче 3.
OBJ_BUCH-833-007.book Page 150 Tuesday, July 9, 2013 4:00 PM