Опис на производот и моќноста – Инструкция по эксплуатации Bosch PHO 20-82
Страница 55
Македонски | 55
Bosch Power Tools
1 609 92A 06X | (17.4.13)
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за рендање на дрвени
материјали како на пр. греди и даски на цврста подлога.
Тој е погоден за искосување на рабови и за правење
засеци.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Исфрлувач на струготини (по избор десно/лево)
2 Вртливо копче за подесување на длабочината на
струготината (изолирани дршки)
3 Скала за подесување на длабочината на струготината
4 Лост за селекција на правецот на исфрлање на
струготините
5 Прекинувач за вклучување/исклучување
6 Блокада при вклучување на прекинувачот за
вклучување/исклучување
7 V-жлебови
8 Подлога на рендето
9 Рачка (изолирана површина на дршката)
10 Глава на секачот
11 Затезен елемент за секачот на рендето
12 Шраф за прицврстување на секачот на рендето
13 HM/TC-секач на рендето
14 Инбус клуч
15 Црево за вшмукување (Ø 35 мм)*
16 Вреќичка за прав/струготини*
17 Паралелен граничник*
18 Скала за ширината на засекот*
19 Завртка за заклучување на подесената ширина на
засекот*
20 Шраф за прицврстување на паралелниот/аголниот
граничник*
21 Аголен граничник*
22 Завртка за заклучување на подесениот агол*
23 Шраф за прицврстување на граничникот за
длабочина на засекот*
24 Граничник за длабочина на засекот*
25 Држач на рендето при паузирање
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
Информации за бучава/вибрации
Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745.
Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 88 dB(A); ниво на звучна јачина
97 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Вкупните вредности на вибрации a
h
(векторски збор на
трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со
EN 60745:
a
h
=3 m/s
2
, K=1,5 m/s
2
.
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е
измерено со нормирана постапка според EN 60745 и
може да се користи за меѓусебна споредба на електрични
апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена
процена на оптеретувањето со вибрации.
Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на
електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се
користи за други примени, алатот што се вметнува
отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да
отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го
зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на
целокупното работење.
За прецизно одредување на оптеретувањето со вибрации,
треба да се земе во обѕир периодот во кој уредот е
исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во
употреба. Ова може значително да го намали
оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот пред да влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните
апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината
на дланките, организирајте го текот на работата.
Изјава за сообразност
Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните
производи во „Технички податоци“ се сообразни со
следните норми или нормативни документи: EN 60745
според одредбите на регулативите 2011/65/EU,
2004/108/EC, 2006/42/EC.
Ренде
PHO 20-82
Број на дел/артикл
0 603 365 1..
Номинална јачина
W
680
Излезна моќ
W
320
Број на празни вртежи
min
-1
19500
Длабочина на струготината
мм
0 – 2
Длабочина на засекот
мм
0 – 8
макс.ширина на рендето
мм
82
Тежина согласно EPTA-Procedure
01/2003
кг
2,2
Класа на заштита
/
II
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие
податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност
од изведбата во односната земја.
OBJ_BUCH-637-004.book Page 55 Wednesday, April 17, 2013 12:20 PM