Монтирање и вадење на приборот, Монтирање и вадење на приборот со quick lock, Предупредување – Инструкция по эксплуатации Dremel Multi-Max MM20

Страница 91

Advertising
background image

на меки метали, дрво и пластични компоненти, како и за

чистење на фуги со помош на соодветниот алат и прибор

препорачан од Dremel.

СЛИКА 1

A. Прекинувач за вклучување/исклучување

B. Преклопник за бирање на брзина

C. Електричен кабел

D. Отвори за вентилирање

E. Подлошка на ножот

F. Држач за прибор

G. Прибор

H. Завртка за стегање

СЛИКА 2

A. Jaзиче за брзо заклучување Quick Lock™

B. Прекинувач за вклучување/исклучување

C. Преклопник за бирање на брзина

D. Електричен кабел

E. Отвори за вентилирање

F. Држач за прибор

G. Прибор

H. Прирабница за прицврстување

Монтирање и вадење на Приборот

НАПОМЕНА: Погрижете се да ги прочитате упатствата

што Ви се приложени со Вашиот Dremel прибор за

натамошни информации во врска со неговата употреба.

Користете само Dremel алат кој е тестиран и кој е високо

продуктивен.

Ножевите на Dremel за сечење и стружење имаат приклучок

за брзо прицврстување кој овозможува побрзо вадење на

приборот во споредба со конвенцоналните осцилирачки

системи.

Moдел MM20

1. Олабавете ја завртката за стегање со помош на

шестоаголниот клуч колку да можете да го вметнете

приборот помеѓу држачот за прибор и подлошката на

ножот (слика 3).

СЛИКА 3

A. Држач за прибор

B. Завртка за стегање

C. Шестоаголен клуч (имбус)

D. Подлошка на ножот

E. Прибор

F. Прибор

G. Подлошката со косината нагоре

2. Држачот за прибор, приборот и завртката за стегање

исчистете ги со чиста крпа.

3. Приборот ставете го на држачот за прибор и пазете

приборот да влезе во сите отвори во држачот, а приборот

да си биде рамен со држачот за прибор.

4. Добро стегнете го шрафот за прицврстување со

приложениот шестоаголен (инбуш )клуч (слика 4).

СЛИКА 4

A. Завртка за стегање

B. Шестоаголен клуч (имбус)

НАПОМЕНА: Некои додатоци, како на пр. стругала или

ножеви, може да се монтираат или рамно на алатот или

под агол, за да се зголеми употребливоста (слика 5).

СЛИКА 5

Монтирање и вадење на Приборот со

QUICK LOCK™

Moдел MM40

Dremel Multi-Max MM40 содржи интегриран механизам

за промена на приборот. Quick Lock™ Ви овозможува

да монтирате и да вадите прибор без да Ви е потребен

вилушкаст или инбус клуч. Исто така, повеќе не треба да

се грижите за да не ги загубите завртката за притегање и

подлошката, бидејќи овие делови повеќе не се користат кај

верзијата MM40 на Multi-Max.

1. За монтирање на прибор со помош на карактеристиката

Quick Lock™, држете го алатот свртен удолу за да

спречите испаѓање на ножот од држачот на приборот при

монтирање и вадење на приборот.

2. Свртете го јазичето Quick Lock™ на врвот од алатот во

насока спротивна од правецот на вртење на стрелките

на часовникот за да го ослободите механизмот за

прицврстување (слика 6). Јазичето треба да биде

потполно активирано за да се ослободи механизмот за

прицврстување.

СЛИКА 6

A. Отворено

B. Затворено

3. Држачот за прибор, приборот и прирабницата за стегање

чистете ги со чиста крпа.

4. Приборот ставете го на држачот за прибор и пазете

приборот да влезе во сите отвори во држачот, а приборот

да си биде рамен со држачот за прибор

(слика 7 и слика 8).

!

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

За да иЗбегнете ПриклеШтување,

цврсто дрЖете го ЈаЗиЧето За

брЗо блокирање кога го Прицврстувате Приборот.

неМоЈте да ги ставате рацете или Прстите ПоМеѓу

ЈаЗиЧето и телото на алатот.

СЛИКА 7

A. Прирабница за прицврстување

B. Држач за прибор

5. Јазичето Quick Lock™ на врвот од алатот свртете го

во правец на вртење на стрелките од часовникот, до

положбата затворено, за да го блокирате безбедно

приборот на местото (слика 6).

6. За да го извадите приборот, едноставно деблокирајте го

механизмот за прицврстување така што јазичето Quick

Lock™ ќе го свртите спротивно од правецот на вртење

91

Advertising