Безбедносни информации, 1 безбедност на децата и помалку вештите лица, 2 општа безбедност – Инструкция по эксплуатации Electrolux ERN1300AOW

Страница 16

Advertising
background image

1. БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

За ваша безбедност и за да се обезбеди

правилна употреба, пред да го наместите и

да го користите апаратот првпат, прочитајте

го упатството за употреба внимателно,

вклучувајќи ги и советите и

предупредувањата. За да се избегнат

непотребни грешки и незгоди, важно е сите

што го користат апаратот да се темелно

запознаени со начинот на работата и

безбедносните функции. Чувајте го

упатството и погрижете се да биде со

апаратот ако се премести или продаде, за да

може секој што го користи во работниот век

да биде правилно информиран за употребата

на апаратот и за безбедноста.

За безбедност на животот и имотот чувајте ги

опомените за претпазливост од ова упатство

бидејќи производителот не е одговорен за

штетите предизвикани од нивното

непочитување.

1.1 Безбедност на децата и

помалку вештите лица

• Апаратот не е наменет да го користат лица

(вклучувајќи и деца) со намалени физички,

сетилни или ментални способности, или

што немаат искуство и знаење, освен ако

не се под надзор или се упатени за

користење на апаратот од страна на лице

што е одговорно за нивната безбедност.
Децата треба да се под надзор за да не си

играат со апаратот.

• Чувајте ги сите материјали за пакување

далеку од децата. Постои опасност од

задушување.

• Ако го расходувате апаратот, извлечете го

кабелот за струја од штекерот, исечете го

(што е можно поблиску до апаратот) и

извадете ја вратата за да спречите децата

што си играат да не ги удри струја или да

не се затворат во него.

• Ако апаратов, кој има магнетизирани гуми

за затворање, треба да замени постар

апарат што има брава со пружина на

вратата или капакот, погрижете се да ја

онеспособите бравата со пружина пред да

го расходувате стариот апарат. Така ќе се

спречи тој да стане смртоносна стапица за

децата.

1.2 Општа безбедност

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Поставете ги отворите за вентилација, на

опкружувањето на апаратот или вградената

конструкција, ослободени од пречки.
• Апаратот е наменет за чување

прехранбени продукти и пијалаци во

нормално домаќинство, како што е

објаснето во ова упатство.

• Не користете механички уреди или

вештачки средства за забрзување на

топењето.

• Не користете други електрични апарати (на

пр. мешалки за сладолед) внатре во

ладилници, освен ако не се одобрени за

таква намена од страна на производителот.

• Не оштетувајте ја инсталацијата за

средството за ладење.

• Средството за ладење изобутан (R600a),

што кружи низ инсталацијата за ладење на

апаратот, е природен гас со високо ниво на

еколошка подобност, но сепак е запалив.
За време на превозот и местењето на

апаратот, внимавајте да не се оштети

ниеден дел од инсталацијата за ладење.
Доколку се оштети инсталацијата за

ладење:
– избегнувајте отворен оган и извори на

искри

– проветрете ја темелно собата во која е

сместен апаратот

• Опасно е да се менуваат спецификациите

или да се вршат какви било промени на

производот. Секое оштетување на кабелот

може да предизвика краток спој, пожар и/

или струен удар.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Сите електрични делови (кабелот за

струја, приклучокот, компресорот)

мора да ги замени сертифициран или

квалификуван сервисер за да се

избегне ризик.

1.

Кабелот за струја не смее да се

продолжува.

2.

Проверете приклучокот за во штекер

да не е смачкан или оштетен од

задниот дел на уредот. Смачкан или

16 www.electrolux.com

Advertising