Инструкция по эксплуатации Electrolux EWT106211W

Страница 17

Advertising
background image

ОДБИРАЊЕ НА БРЗИНА НА

ЦЕНТРИФУГАТА
Завртете го селекторот за брзина на

центрифугирање на саканата позиција.

Максималните брзини на

центрифугирање се:

за Памучни, Долна женска облека,

Волна/За рачно перење, Еко: 1000 врт./

мин., за Синтетика, Лесно пеглање: 900

врт/мин, за Нежни, Мини програма,

Завеси, Ќебе : 700 врт./мин.

На крајот од програмата ако сте
избрале „Задржано плакнење” или
„Ноќен циклус” , тогаш ќе треба да
одберете програма „Центрифуга”
или „Цедење” за да го завршите

циклусот и да ја испуштите водата.

Ноќно тивко плус : овој циклус ги

исклучува сите фази со брзина на

центрифуга и завршува со задржано

плакнење. овој циклус е многу тивок и

може да се користи и ноќе.

ОДБИРАЊЕ ОПЦИИ
Различните опции мора да ги изберете

откако ќе ја изберете програмата, а

пред да го притиснете копчето „Старт/
Пауза“ (видете во „Табела со

програми“). Притиснете ги саканите

копчиња : се вклучуваат соодветните

сијалици. Кога ќе ги притиснете

повторно, сијалиците се гаснат. Доколку

една од опциите не е компатибилна со

избраната програма, копчето „Старт/
Пауза“ трепка црвено.

ОПЦИЈА "ПРЕТПЕРЕЊЕ"
Апаратот изведува претперење на

макс. 30°C.

ОПЦИЈА „СЕКОЈДНЕВНО“
Оваа опција овозможува да користите

циклус за перење на лесно валкани

алишта за пократок временски период.

ОПЦИЈА „СУПЕР БРЗО“
Времето на перење ќе се намали во

зависност од избраната програма.

ОПЦИЈА „ДОПОЛНИТЕЛНО
ПЛАКНЕЊЕ“
Во текот на циклусот, машината за

перење изведува едно или повеќе

дополнителни плакнења. Оваа опција

се препорачува за луѓе со чувствителна

кожа и во подрачја со мека вода.

Привремено: Притиснете го копчето
„Дополнително плакнење“ . Опцијата

е активна само за избраната програма.

Трајно: Притиснете на копчињата
„Температура“ и „Опција“ неколку

секунди. Опцијата е активирана трајно,

дури и ако апаратот се исклучи. За да ја

деактивирате, повторете го истото.

„ОДЛОЖЕН ПОЧЕТОК“
Оваа опција ви овозможува да го

одложите почетокот на програмата за

перење за 3, 6 или 9 часа со

притискање на копчето „Одложен
почеток“

.

Можете да го смените или откажете

времето за одложен почеток кога било

пред да го притиснете копчето „Старт/
Пауза“ со повторно притискање на
копчето „Одложен почеток“

(кога

сите индикатори се исклучени,

програмата за перење ќе започне

веднаш).

Доколку веќе сте го притиснале копчето
„Старт/Пауза“ , а сакате да го

промените или откажете одложениот

почеток, постапете на следниов начин:

• За да го откажете одложениот

почеток и веднаш да започнете со

циклусот, притиснете го „Старт/
Пауза“ , а потоа „Одложен
почеток“

. Притиснете „Старт/

Пауза“ за да го започнете

циклусот.

• За да го промените периодот на

одложување, мора да одите преку

позицијата „Стоп“ за да го

репрограмирате циклусот.

Капакот е заклучен за време на

периодот на одложен почнеток. Ако

сакате да го отворите, прво мора

уредот да го ставите во режим на пауза

со притискање на копчето „Старт/
Пауза“ . Откако ќе го затворите

electrolux 17

Advertising