Прва употреба, Секојдневна употреба – Инструкция по эксплуатации Zanussi ZBA14420SA

Страница 26

Advertising
background image

• свртете го регулаторот на

температурата кон помалата поставка
за да постигнете минимално ладење.

• свртете го регулаторот на

температурата кон поголемата поставка
за да постигнете максимално ладење.

Средната поставка, општо земено, е
најпогодна.

Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека
температурата во внатрешноста на
апаратот зависи од:
• собната температура

• колку често се отвора вратата
• количеството храна што се чува
• местоположбата на апаратот.

ВАЖНО Ако околната температура е
висока или апаратот е целосно наполнет,
а апаратот е поставен на најниската
температура, може да работи непрестано
што ќе предизвика да се формира мраз на
задниот ѕид. Во тој случај, тркалцето мора
да се постави на повисока температура за
да се овозможи автоматско одмрзнување,
а со тоа и помала потрошувачка на
енергија.

Прва употреба

Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите внатрешни
додатоци со млака вода и малку
неутрален сапун за да се отстрани

карактеристичниот мирис на новите
производи, па исушете го темелно.

ВАЖНО Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.

Секојдневна употреба

Смрзнување свежа храна
Комората на замрзнувачот е погодна за
замрзнување свежа храна и чување
смрзната и длабоко смрзната храна
подолго време.
За да смрзнувате свежа храна не е
неопходно да ја менувате средната
поставка.
Меѓутоа, за побрзо смрзнување, свртете го
регулаторот на температурата кон
поголемата поставка за да постигнете
максимално ладење.

ВАЖНО Во овие услови, температурата на
комората на фрижидерот може да падне
под 0°C. Ако дојде до тоа, вратете го
регулаторот за температура на помала
поставка.

Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во преградата, оставете

апаратот да работи барем 2 часа на
најголемата поставка.

ВАЖНО Во случај на случајно
одмрзнување, на пример поради
снемување струја, ако немало струја
подолго време отколку под ставката
"време на одржување" во табелата за
технички карактеристики, одмрзнатата
храна мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).

Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна,
пред да се употреби, може да се одмрзне
во преградата на фрижидерот или на
собна температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: во
тој случај, готвењето ќе трае подолго.

26

www.zanussi.com

Advertising