Почнување на програмата за миење со одложување, Прекинување на одложеното почнување, Прекинување на програма за миење – Инструкция по эксплуатации AEG F65401VI0P

Страница 18: Откажување програма за миење

Advertising
background image

Почнување на програмата за миење со одложување

1. Активирајте го апаратот.
2. Уверете се дека апаратот е во режимот на поставување.
3. Подесете ја програмата за миење и, ако е потребно, подесете ÖKO PLUS

функција.

4. Притискајте го копчето за одложување сè додека на екранот не се прикаже

времето на одложеното почнување.
• Времето на одложување почнува да трепка на екранот.
• Се пали показателот за одложено почнување.

5. Затворете ја вратата од апаратот, одбројувањето почнува автоматски.

Штом заврши одбројувањето, програмата за миење почнува автоматски.
Со отворање на вратата на апаратот запира одбројувањето. Кога ќе ја затворите

вратата, одбројувањето почнува од точката на прекинот.

Прекинување на одложеното почнување

Ако вратата на апаратот е отворена и одбројувањето не започнало
1. Притискајте го копчето за одложување повеќепати додека на екранот не се

прикаже бројот на програмата за миење.
• Бројката трепка на екранот.

2. Затворете ја вратата на машината, програмата почнува автоматски.
Ако вратата на апаратот е затворена и одбројувањето трае
1. Отворете ја вратата на апаратот.
2. Притискајте го копчето за одложување повеќепати додека на екранот не се

прикаже бројот на програмата за миење.
• Бројот трепка неколку секунди и времето на програмата за миење се прикажува

на екранот.

3. Затворете ја вратата на машината, програмата почнува автоматски.

Прекинување на програма за миење

• Отворете ја вратата на апаратот.

– Програмата за миење запира.

• Затворете ја вратата на апаратот.

– Програмата за миење продолжува од точката на прекинот.

Откажување програма за миење

Ако програмата за миење не почнала, може да го смените изборот.

За да го смените изборот при работа на програмата за миење, неопходно е да ја

откажете програмата.
• Притискајте го копчето RESET додека на екранот не се појават две хоризонтални

статусни ленти.

Проверете дали има детергент во дозерот за детергент пред да почнете нова

програма за миење.

18

Одбирање и почнување програма за миење

Advertising