Инструкция по эксплуатации Bosch PSR 10,8 LI

Страница 168

Advertising
background image

168 | Македонски

1 609 92A 0A1 | (9.7.13)

Bosch Power Tools

Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата, што
дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и 45 °C. Со тоа се
постигнува долг рок на траење на батеријата.

Процесот на полнење започнува штом се стави струјниот приклучок
на полначот во ѕидната дозна и приклучокот за полнење 12 се вметне
во отворот 11 на долната страна од дршката.
Приказот за наполнетост на батеријата 5 го покажува напредокот на
полнењето. За време на процесот на полнење, приказот трепка
зелено. Доколку приказот за наполнетост на батеријата 5 свети
непрекинато зелено батеријата е целосно наполнета.
За време на процесот на полнење, дршката на електричниот апарат
се затоплува. Ова е нормално.

Доколку не го употребувате, извадете го полначот од струја.

Електричниот апарат не може да се користи за време на процесот на
полнење; тој не е дефектен, доколку за време на процесот на
полнење не функционира.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Замена на алатот (види слика B)

Пред било каква интервенција на електричниот апарат (на пр.

одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и
складирање, прекинувачот за правец на вртење ставете го во
средна позиција.
При невнимателно ракување со прекинувачот
за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување 8 не е притиснат,
вретеното за дупчење ќе се фиксира. Ова овозможува брзо, лесно и
едноставно менување на алатот што се вметнува во главата за
дупчење.

Отворете ја брзозатезната глава за дупчење 2 со вртење во правец

,

додека не се стави алатот. Вметнете го алатот.

Чаурата на брзозатезната глава за дупчење 2 свртете ја цврсто со
рака во правец

, додека не слушнете како кликнува. Со тоа, главата

автоматски се заклучува.

Блокадата се отклучува, откако ќе ја свртите чаурата во спротивен
правец за да го извадите алатот.

OBJ_BUCH-1460-003.book Page 168 Tuesday, July 9, 2013 4:21 PM

Advertising