Употреба – Инструкция по эксплуатации Bosch PSS 190 AC

Страница 51

Advertising
background image

Македонски | 51

Bosch Power Tools

1 609 92A 06J | (6.5.13)

Брусниот лист 6 ставете го израмнето на едната страна од
основната брусна плоча 5, поставете го брусниот лист на
основната брусна плоча и притиснете го добро.

За вадење на брусниот лист 6 фатете го за врвот и
извлечете го од основната брусна плоча 5.

Брусни листови без велкро лепенка
(PSS 190 AC/PSS 200 AC/PSS 250 AE) (види слика B)
Лесно подигнете го затезниот стремен 4 и откачете го.
Водете го брусниот лист 6 до крај под отворениот заден
затезен стремен 4 и зацврстете го брусниот лист со
закачување на затезниот стремен 4.
Брусниот лист 6 поставете го цврсто околу брусната
плоча. Водете го другиот крај на брусниот лист 6 под
предниот затезен стремен 4 и зацврстете го брусниот лист
со закачување на затезниот стремен 4.
Неиздупчените брусни листови, на пр. материјали во
ролни или метарски материјали, може да ги издупчите со
алатот за дупчење 11 за вшмукување на прав.
Електричниот апарат со монтиран брусен лист притиснете
го на алатот за дупчење (види слика E).

За вадење на брусниот лист 6 олабавете го затезниот
стремен 4 и извлечете го брусниот лист.

Избор на лист за брусење
Во согласност со материјалот што се обработува и обемот
на стругање, на располагање ви се различни брусни
листови:

Вшмукување на прав/струготини

Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои

видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен

вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.

– Погрижете се за добра проветреност на работното

место.

– Се препорачува носење на маска за заштита при

вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.

Сопствено вшмукување со кутија за прав
(види слика C1
C4)
Ставете ја кутијата за прав 3 на млазниците за издувување
8, додека не се вклопи.
За да ја испразните кутијата за прав 3 извлечете ја надолу.
Пред да ја отворите кутијата за прав 3, тропнете со неа на
цврста подлога, како што е прикажано на сликата, за да ја
отстраните правта од филтерот.

Фатете ја кутијата за прав 3 за вградената рачка,
преклопете го филтерот 9 нагоре и испразнете ја кутијата
за прав. Исчистете ги ламелите на филтерот 9 со мека
четка.

Надворешно вшмукување (види слика D)
Ставете едно црево за вшмукување 10 на млазниците за
издувување 8. Цревото за вшмукување 10 поврзете го со
вшмукувач за прав. Прегледот за приклучување на
различните видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете на
крајот од ова упатство.

Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.

При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.

Употреба

Ставање во употреба

Внимавајте на електричниот напон! Напонот на

изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени

Гранулација

За обработка на сите
дрвени материјали

40—240

За претходно брусење, на
пр. за груби нерендани
греди и даски

грубо

40, 60

За рамно брусење и
израмнување на мали
нерамнини

средно 80, 100, 120

За завршно и фино брусење
на цврсти дрва

фино

180, 240

За обработка на
обоени/лакирани слоеви
одн. подлоги, како маса за
полнење и шпахтел маса

40—320

За брусење на боја

грубо

40, 60

За брусење на основната
боја

средно 80, 100, 120

За крајно брусење на
основната боја пред
лакирање

фино

180, 240, 320

OBJ_BUCH-45-005.book Page 51 Monday, May 6, 2013 9:58 AM

Advertising
Эта инструкция подходит к следующим моделям: