Инструкция по эксплуатации Bosch PSR Select

Страница 153

Advertising
background image

Македонски | 153

Bosch Power Tools

1 609 92A 0AH | (11.7.13)

Полнење на батеријата (види слика A)

Не користете друг полнач. Испорачаниот полнач е прилагоден на

вградената литиум-јонска батерија во вашиот електричен апарат.

Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја

мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка
на полначот. Полначите означени со 230 волти исто така може да се
користат и на 220 волти.

Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја
наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на
полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се
намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и
наштетува на батеријата.

Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на
ќелиите (ECP)“ од длабинско празнење. Доколку се испразни
батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно
струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
По автоматското исклучување на електричниот апарат, не

притискајте на прекинувачот за вклучување/исклучување.
Батеријата може да се оштети.

Батеријата е опремена со NTC-контрола на температурата, што
дозволува полнење само на температура меѓу 0 °C и 45 °C. Со тоа се
постигнува долг рок на траење на батеријата.

Доколку приказот за наполнетост на батеријата 5 при полу-притиснат
прекинувач за вклучување/исклучување 10 свети црвено, батеријата
има помалку од 30% од нејзиниот капацитет и треба да се наполни.

Процесот на полнење започнува штом се стави струјниот приклучок на
полначот во ѕидната дозна и приклучокот за полнење 14 се вметне во
отворот 9 на долната страна од дршката.
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се препознава
состојбата на наполнетост на батеријата и ќе биде наполнета со
оптималниот капацитет во зависност од температурата и напонот на
батеријата.

Приказот за наполнетост на батеријата 5 го покажува напредокот на
полнењето. За време на процесот на полнење, приказот трепка зелено.

OBJ_BUCH-1590-002.book Page 153 Thursday, July 11, 2013 2:10 PM

Advertising