Опис на производот и моќноста – Инструкция по эксплуатации Bosch PTK 14 E

Страница 46

Advertising
background image

46 | Македонски

1 609 92A 094 | (18.3.13)

Bosch Power Tools

својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.

Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.

Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.

Користете ги електричните апарати, опремата,

додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Сервис
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да

биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови.
Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.

Безбедносни напомени за пневматски уреди
со муниција

Појдете секогаш од тоа, дека електричниот апарат

секогаш мора да има муниција. Невнимателното
ракување со пневматскиот уред со муниција може да
доведе до неочекувано исфрлување на муницијата и да
ве повреди.

Не го усмерувајте електричниот апарат кон себе или

кон други лица во близина. При неочекувано
активирање на апаратот ќе се исфрли иглица, што може
да доведе до повреда.

Не го користете електричниот апарат, пред добро да

го зацврстите на делот што се обработува. Доколку
електричниот апарат нема контакт со делот што се
обработува, хефт иглицата може да се одбие од местото
на зацврстување.

Доколку се заглави хефт иглицата во електричниот

апарат, исклучете го од мрежа или извадете ја
батеријата.
Доколку пневматскиот уред со муниција е
приклучен, при вадењето на заглавената хефт иглица
би можел несакајќи да се вклучи.

Бидете внимателни при вадењето на заглавени хефт

иглици. Системот може да се преоптовари и хефт
иглицата да се исфрли со голема јачина, додека се
обидувате да ја одглавите.

Не го користете пневматскиот уред со муниција за

зацврстување на електрични кабли. Таа не е
наменета за инсталација на електрични кабли, може да
ја оштети изолацијата на електричниот кабел и на тој
начин да предизвика електричен удар и опасност од
пожар.

Користете соодветни уреди за пребарување, за да

ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да

доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.

Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го

зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.

Опис на производот и моќноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност.
Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.

Употреба со соодветна намена

Уредот е наменет за хефтање на картон, изолационен
материјал, материјали, фолии, кожа и сличен материјал на
подлога од дрво или материјал сличен на дрво. Уредот не
е наменет за зацврстување на ѕидни и тавански облоги.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.

1 Чкрапало
2 Вртливо копче за претходно подесување на јачината

на удар

3 Лизгач за магацинот
4 Отвор за заклучување на носечката подлога
5 Отвор за заклучување на држачот на дистанца
6 Отвор за заклучување на шината за хефтање
7 Клун за хефтање
8 Прекинувач за DuoTac-автоматика
9 Ленти со клинци*

10 Ленти со хефт иглици*
11 Магацин
12 Носечка подлога*
13 Шина за хефтање*
14 Држач на дистанца *

*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од
стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да
ја најдете во нашата Програма за опрема.

Информации за бучава/вибрации

Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745.

Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува:
ниво на звучен притисок 87 dB(A); ниво на звучна јачина
98 dB(A). Несигурност K=3 dB.
Носете заштита за слухот!
Максималните вредности на осцилација ah и несигурност
K се дадени според EN 60745:
a

h

= 6,6 m/s

2

, K= 1,5 m/s

2

.

OBJ_BUCH-131-004.book Page 46 Monday, March 18, 2013 1:01 PM

Advertising