Безбедносни информации, Безбедност на децата и помалку вештите лица, Општа безбедност – Инструкция по эксплуатации AEG F65401IM0P

Страница 4: Користење

Advertising
background image

БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ

Пред монтажа и употреба, внимателно прочитајте го ова упатство:
• Заради Ваша лична безбедност и безбедноста на Вашиот имот.
• За да и` помогнеме на околината.
• Заради правилна работа на апаратот.

Секогаш чувајте го ова упатство со апаратот дури и ако се селите или го дадете на

друг.

Производителот не е одговорен ако неправилната монтажа и употреба предизвикаат

оштетување.

Безбедност на децата и помалку вештите лица

• Не дозволувајте им на лица, вклучително и деца, со намалено физичко чувство,

намалени ментални функции или недостаток на искуство и знаење да го користат

апаратот. Нивното ракување со апаратот мора да го надгледува или насочува лице

одговорно за нивната безбедност.

• Децата мора да се надзираат за да бидете сигурни дека не си играат со апаратот.
• Сите материјали за пакување чувајте ги вон дофат на деца. Постои опасност од

задушување или физичка повреда.

• Чувајте ги сите детергенти на сигурно место. Не дозволувајте деца да ги допираат

детергентите.

• Држете ги децата и домашните миленичиња подалеку од апаратот кога вратата е

отворена.

Општа безбедност

• Не менувајте ги спецификациите на апаратот. Постои опасност од повреда и

оштетување на апаратот.

• Почитувајте ги безбедносните упатства од производителот на детергентот за да

спречите изгореници на очите, устата и грлото.

• Не пијте ја водата од апаратот. Во апаратот може да има честички од детергент.
• Не оставајте ја вратата на апаратот отворена без надзор. Ова е за да се спречи

повреда или пад врз отворена врата.

• Не седете и не стојте на отворената врата.

Користење

• Апаратот е само за домашна употреба. Не користете го апаратот за други намени

за да спречите повреди на луѓето и оштетување на имотот.

• Користете го апаратот само за прибор што може да се мие во машина за садови.
• Не ставајте запаливи производи или предмети натопени со запаливи средства во

апаратот, блиску или врз него. Постои ризик од експлозија или пожар.

• Ставајте ги ножевите и сите предмети со остар врв во корпата за прибор за јадење,

со врвовите надолу. Во спротивно, ставајте ги во хоризонтална положба во горната

корпа или во корпата за ножеви. (Сите модели немаат корпа за ножеви).

4

Безбедносни информации

Advertising
Эта инструкция подходит к следующим моделям: